Маж од Косово баран од Интепол фатен на Охридскиот аеродром


Во петокот, во 10:30 часот на Граничниот премин – Аеродром „Св.Апостол Павле“во Охрид,  при извршена контрола на лицето Ф.К.(57) од Косово, со шведска патна исправа, било утврдено дека се наоѓа на листата со мерка „Апси“ и е предмет на меѓународна потрага од Интерпол.

Тој бил лишен од слобода и предаден во Полициската станица Охрид за понатамошна постапка.