Помагал на екипа на ЕВН, Вардар го однел и него и возилото


  Во четвртокот, во 14.47 часот во СВР Велес било пријавено дека во с.Белештевица, велешко, на место викано „Лавчани“, при обид на С.Н. со трактор да извлече возило во кое се наоѓала екипа на ЕВН, која отстранувала претходно настанат дефект, од надојдена вода С.Н. и возилото на ЕВН биле однесени кон Вардар. При пребарување на […]

Синот го нашол таткото обесен во Скопско, уште еден обесен покрај Вардар


  Во четовртокот, во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во скопско село 27-годишно лице во гаража го пронашло обесен неговиот 51-годишен татко. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. […]

Снаа од Косово избегала со детето од Лојане


Во четвртокот, во 11.30 часот во СВР Куманово, С.Р.(49) од село Лојане, Липково, пријавила дека нејзината снаа А.С.(21) од Р.Косово, со привремен престој во Куманово, се оддалечила од семејната куќа, заедно со нејзиното двегодишно дете. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Албанската полиција на „Блато“ запленети 370 килограми марихуана наменети за Македонија


Албанската полиција доцна вечерва соопшти дека количината на запленетата марихуана на граничниот премин „Блато“ на албанско-македонската граница кај Дебар е многу поголема од количината за која информираа медиумите. – По целосното мерење на запленетата дрога утврдено е дека во камионот кој беше контролиран на преминот „Блато“ откриена е количина од 370 килограми. Дрогата беше откриена […]

Возач насилник предизвика судар кај „Скопјанка“ и избега


Возач насилник влета на крстосницата кај Трговскиот центар „Скопјанка“ додека се движеа возила од спротивниот правец и удри директно во едно од возилата. И додека сопствениците на удреното возило во шок ја проверуваа штетата тој даде гас и одјури покрај нив, практично загрозувајќи им ги и животите. Дрскиот возач управуваше црвено мало возило од постар […]

Дваесет и петгодишен жител на Дебреште извршил обљуба врз малолетно девојче


Основното јавно обвинителство од Прилеп покрена постапка против 25-годишно момче од село Дебреште кое се сомничи дека извршило полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. По предлог на јавен обвинител, на осомничениот му е одреден 30-дневен притвор. Момчето од почетокот на април до 20 јули годинава во атарот на селата Лажани и Дебреште и […]

Кривична против шест полицајци – тепале приведен врзан со лисици


Против шест полициски службеници вработени во СВР Скопје, поради основано сомнение дека на 18 мај годинава сториле кривично дело „малтретирање во вршење служба“ по член 143 од Кривичниот законик, поднесена е кривична пријава од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинитество за гонење организиран криминал и корпуција […]

Прегазен пешак во Скопје, уште неколкумина повредени во три сообраќајки


  Во три одделни сообраќајни незгоди изминатото деноноќие 71-годишен пешак се здобил со повреди откако на него налетал автомобил, а повредени се уште седуммина во сообраќајки на автопатот Скопје-Тетово и патот Кичево -Охрид. Во средата, во 110 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Климент Охридски“ со ул.„Кирил и Методиј“ во Скопје, […]

Возило излетало од патот и завршило на покривот од воденица во Македонска Каменица


Патничко возило ,,фолксваген” излетало од регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица, при што на влезот во Македонска Каменица оштети угостителски објект предизвикувајки значителна материјална штета. Очевидци велат дека несреќата се случила во текот на вчерашното попладне, при што патничкото возило во кое се наоѓало машко лице, уништило дел од отворен простор на угостителски објект, соборило […]

Во сообраќајка во Грција загинаа седум лица, најверојатно мигранти


На автопатот „Егнатија“, во близина на грчкиот град Александруоли седум лица загинаа, петмина се повредени, откако се превртело украдено возило во кое имало 12 лица, а најверојатно станува збор за нелегални мигранти, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека сообраќајката се случила кога возилото, кое што било украдено, излетало од патот, […]

Три години и шест месеци затвор за Панчевски за злоупотребите на АКМИС системот


Поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панечвски, обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, вечерва од страна на Велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години и шест месеци затвор. Судијката Валентина Георгиевска, пресудата ја донесе вечерва по завршување на рочиштето кое траше повеќе од десет часа. На обвинетиот Панчевски, во казната […]

Полицијата уапси членка на ИСИС од Скопје


Жена на возраст од 38 години уапсена е денеска во Скопје, под сомнение дека е членка на терористичката организација ИСИС. Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за спречување на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Л.С.(38) од Скопје, […]

Малолетници нашле мртовец во СРЦ Езеро Треска


Во понеделникто, во 14.45 часот во Полициска станица Сарај било пријавено дека во СРЦ Езеро Треска, во близина на напуштени тоалет кабини, од малолетни лица било пронајдено безживотно машко тело. По утврдување на идентитетот било констатирано дека станува збор за Ф.Ј.(46) од с.Никиштани. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото извршила […]

Кражба на Аеродромот во Скопје, однесени акумулатори за слетна точка


Во понеделникот, во 16.20 часот во СВР Скопје, З.Е. пријавил дека во с.Катланово, Скопско, на место викано „Фазанерија“,  непознато лице насилно ја отворило вратата од објект на М-НАВ и одзело четири акумулатори кои служеле за напојување на слетна точка на аеродромот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поднесена кривична против градоначалникот на Боговиње заради водоводот за Синичане


Кривична пријава поднесе СВР Тетово против градоначалникот на Боговиње,  кој е осомничен за „несовесно работење во службата“. СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.А.(49) од тетовското село, градоначалник на општина Боговиње, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против правно лице од с.Боговиње, сопственост на М.А.(51) од с.Боговиње, поради […]

Пронајдено телото на 16-годишното момче во Преспанското Eзеро


Пронајдено е телото на 16- годинишното дете кое исчезна во неделата попладнето во водите на Преспанското Eзеро. Нуркачите утрово значително го прошириле периметарот на пребарување по што телото било лоцирано во водите на езерото. Следен чекор ќе биде извлекување на телото по што ќе може да продолжи истрагата. Како што изјавија очевидци, 16-годишното момче скокнало […]

Скопјанец обвинет за убиство во Долно Дупени


Основното јавно обвинителство – Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против скопјанец поради постоење основано сомнение за кривично дело – убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик, извршено на 30 јуни во ресенското село Долно Дупени. Предложен е и притвор за осомниченото лице. – На 30 јуни, осомничениот скопјанец, во местото Големи […]

Стружанец сечејќи дрва се повредил и починал


К.А. (49) од струшкото село Богојци вчера се повредил сечејќи дрва. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде им подлегнал на повредите. Како што соопшти денеска МВР, случајот бил пријавен во СВР Охрид синоќа, околу 19 часот. Увид извршила екипа од Полициска станица Струга. По наредба на јавен […]

Продолжува потрагата по малолетникот кој исчезна во водите на Преспанско Езеро


Потрагата по малолетникот кој исчезна во водите на Преспанското Eзеро продолжи во раните утрински часови и ќе трае се до пронаоѓање на момчето. Поради временските услови вчера потрагата беше привремено прекината. Во Полициската станица Ресен завчера во 18:18 часот од Итната медицинска помош било пријавено дека во туристичката населба „Претор“, во водите на Преспанското езеро […]

Санкционирани „диви тркачи“ на скопските улици


Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 3 август 2020 во времето од 7 до 24 часот спровел акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат и учествуваат во „диви трки“ на подрачјето на Скопје. […]