Сечел дрво кое паднало и ја усмртило неговата сопруга


Сечејќи дрва во нива во струмичко, едно од нив паднало врз жена по што таа починала на лице место.

„На 19.09.2020 околу 09.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во атар на с.Мокриево, струмичко, во нива на место викано „Длабока“, додека Д.Н. сечел дрва, едно од дрва паднало и ја повредило неговата сопруга Ж.Н.(59), при што таа починала на лице место“ соопштуваат од полиција.

Лекар констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.