Крадел дрва, па се обидел да го земе пиштолот од шумски полицаец


Во петокот, во 16 часот во Полициска станица Крушево, Б.Ј.(48) од Крушево, вработен како шумски полицаец, пријавил дека заедно со четворица шумочувари од Шумско стопанство „Липа“ – Крушево, во близина на с.Норово, на место викано „Кутлиње“, ги затекнале Б.Ј.(37) и А.С.(49), двајцата од с.Норово, како бесправно сечат дрва.

При вршење на службени дејства од страна на службените лица, Б.Ј. почнал агресивно да се однесува и се обидел насилно да го извлече службениот пиштол на шумскиот полицаец, но бил спречен во намерата. По расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.