Швеѓанец починал на аеродромот во Скопје


Фото: Б. Грданоски

 

Во саботата, во 15 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.40 часот, во близина на тоалетите на Граничен премин Меѓународен aеродром Скопје, од обезбедувањето на аеродромот бил пронајден починат А.Х.(67) од Шведска.

Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство. Увид извршила екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.