Инцидент на Токсикологија – родител нападнал дежурен лекар


Фото: Б. Грданоски

Лекар кој бил дежурен на Клиниката за  токсикологија попладнево бил нападнат од родител на дете, по што поради повреди бил пренесен на Ургентниот центар, јавија вечерва повеќе медиуми.

Причината за инцидентот била банална – родителот го донел детето на Токсикологија, но таму му било речено дека на оваа клиника се прегледуваат деца постари од 14 години упатувајќи го кон Педијатрија. Но, родителот не сакал да замине, по што се случил инцидентот.

Лекарот имал повреди на главата поради што морал да биде пренесен во Ургентниот центар, а по укажаната помош бил пуштен дома. Инцидентот е пријавен во полиција од каде што биле преземени мерки за пронаоѓање на родителот.