Приведен 24-годишен радовишанец, кој со возило помина низ радовишкото шеталиште


МВР информира дека е приведен 24-годишен радовишанец, кој со возило помина низ радовишкото шеталиште. -Во врска со случајот пренесен преку видео снимка објавена на социјалната мрежа „Тик-Ток”, во која едно лице влегува на плоштадот со своето патничко возило „бмв“, полициски службеници од ОВР Радовиш денеска во 15 часот во полициска станица Радовиш го приведоа Т.К.(24) …

Приведен 24-годишен радовишанец, кој со возило помина низ радовишкото шеталиште Read More »

Кривична пријава за 20 скопјани кои седеле во иста хотелска соба во Крушево


Кривична пријава е поднесена против 20 скопјани кои биле во иста соба во хотел во Крушево, иако биле предупредени од персоналот да не се групираат и влегле во хотелскиот базен во поголем број од дозволеното. Тие се сомничат дека сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Скопјаните се на возраст од …

Кривична пријава за 20 скопјани кои седеле во иста хотелска соба во Крушево Read More »

Од „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“ до Т – предметите на СЈО


Наместо разврска на предметите отворени од Специјалното јавно обвинителство, 2020 година донесе разврска за случајот за злоупотреба на службената должност и овластувања на поранешната прва СЈО Катица Јанева. Пандемијата на КОВИД-19 и новите протоколи за работа во судовите не беа пречка за предметите „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“, додека „здружено“ со промената на обвинители, адвокати и …

Од „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“ до Т – предметите на СЈО Read More »

Гори ТЦ „Глобал“ во Струмица


Голем пожар избувна во трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, јавува локалната телевизија „Вис“. Пожарникарите се обидуваат да го угаснат големиот пожар, а огнот зафатил приземни простории каде се сместени повеќе продавници. Во пламен е продавницата „Џо-Го“, но во опасност се и другите локали кои се во негова близина.   Засега нема информации за евентуално повредени …

Гори ТЦ „Глобал“ во Струмица Read More »

Приведен 39-годишен маж кој на дете му даде оружје и го објави на тик-ток


Тетовската полиција приведе 39-годишник од Боговиње во врска со случајот кога две лица на дете му помагаа да пука од оружје, а снимката беше објавена на социјалната мрежа Тик-ток.  МВР преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност работеше за откривање на идентитетот на лицето. -Како резултат на тоа, денеска …

Приведен 39-годишен маж кој на дете му даде оружје и го објави на тик-ток Read More »

Двајца мажи во тетовско учеле дете да пука со пиштол на „ТикТок“


На популарната апликација „ТикТок“ се појави видео на кое се гледа како мало дете пука со пиштол со помош на двајца возразни мажи. Случката, според датумот на видеото е веднаш по полноќ, на новогодишната ноќ, а според неофицијални информации наводно се случило во тетовско. Видото набрзо било симнато од апликацијата, но веќе било раширено низ …

Двајца мажи во тетовско учеле дете да пука со пиштол на „ТикТок“ Read More »

Починат скопјанец пронајден на Црн Врв


Четириесет и петгодишен скопјанец е пронајден мртов на Црн Врв на местото викано „Празна торба“. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека починатиот У.Ф. е пронајден вчера во 16.15 часот од страна на полициски службеници, а неговото исчезнување претходниот ден го пријавила неговата сопруга. Во близина бил пронајден и неговиот автомобил „лада нива“, со скопски …

Починат скопјанец пронајден на Црн Врв Read More »

Заталкан куршум погоди жена во глава – пукањето во воздух е традиција во Либан


  Поради пукање во текот на прославата за Нова година почина една Сиријка која живеела како бегалка во источен Либан. Во одвоен инцидент погоден е авион паркиран на аеродромот во Бејрут, јави декеска официјалната либанска агенција. Сиријката починала рано утрово откако куршум ја погодил во главата во бегалескиот камп „Балбек“, пренесе АП. Авионот на компанијата …

Заталкан куршум погоди жена во глава – пукањето во воздух е традиција во Либан Read More »

Од Вардар извлечено тело на убиен маж


Од Вардар, под мост помеѓу селата Чегране и Тумчевиште, вчера е извлечено безживотно тело на маж. Првичните сознанија упатуваат дека станува збор за насилна смрт предизвикана од истрели од огнено оружје. Со цел утврдување на причините за смртта како и идентификација на жртвата, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, соопшти Обвинителството.​

Полицајци спасија давеничка во водите на Вардар


Жена на 67-годишна возраст предпладнево е спасена од давење од водите на Вардар и пренесена во Градската општа болница „8 Септември“, при што не биле констатирани повреди Како што соопшти МВР, денеска во 10.16 часот, веднаш по добивање на пријава во СВР Скопје дека има женско лице во реката Вардар, во близина на хотел во …

Полицајци спасија давеничка во водите на Вардар Read More »

Санкционирани 322 граѓани кои не носеле маска


 Во текот на изминатото деноноќие санкционирани се 322 граѓани кои не носеле лична заштита на лицето. Министерството за внатрешни работи, кое утринава информираше за прекршоците, апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за справување со пандемијата.

За новогодишната ноќ санкционирани 65 возачи во Скопје


Во текот на новогодишната ноќ санкционирани се 65 возачи на територијата на Град Скопје. Министерството за внатрешни работи утринава соопшти дека изречени се четири санкции за возење без возачка дозвола, 8 за користење мобилен телефон и 4 за нерегистрирани возила. Две санкции се изречени за возење под дејство на алкохол и 20 мерки за непрописно …

За новогодишната ноќ санкционирани 65 возачи во Скопје Read More »

Тело на маж извлечено од водите на Вардар кај Чегране 


Безживотно тело на маж, попладнево и е извадено од водите на Вардар на излезот од гостиварското село Чегране. Според последните информации сè уште не е познат идентитетот на жртвата. Во меѓувреме, местото го обезбедуваат полициски службеници и се врши увид на во близина на мостот, каде е забележано безживотното тело и се работи на утврдување на причините за смртта. …

Тело на маж извлечено од водите на Вардар кај Чегране  Read More »

Лишен од слобода македонскиот државјанин осомничен за двојното убиство во Тирана


 Албанската полиција го лиши од слобода македонскиот државјанин кој претпладнево со истрели од огнено оружје усмрти две жени во Тирана. -Како резултат на интензивните акитвности и опколувањето на пошрокото подрачје, полициските служненици го уапсија македонскиот државјанин Перпарим Адеми (59) осомничен за двојно убиство. Уапсениот се наоѓа во Управата на полицијата во Тирана, за понатамошна постапка, …

Лишен од слобода македонскиот државјанин осомничен за двојното убиство во Тирана Read More »

Во тетовско Гајре 64 годишник го загубил животот при градежни работи


При изведување градежни работи во тетовското село Гајре животот го изгубил 64-годишен жител на селото. Според првичните сознанија, тој работел на ѕид од камења што се урнал врз него. – Во  10:20 часот, во СВР Тетово пријавено е дека  во тетовско Гајре, додека се изведувале градежни работи, со повреди се здобил Љ.И.(64) од ова село, …

Во тетовско Гајре 64 годишник го загубил животот при градежни работи Read More »

Македонски државјанин осомничен за убиство на две жени во Тирана


Македонски државјанин е осомничен дека претпладево околу 10:20 часот во нивниот дом во Тирана смртно ги застрелал Кристина Барди, со која живеел во вонбрачна заедница, и нејзината сестра Жанета Метани. Двојното убиство, според полицијата. се случило во домот во кој живееле во населбата „Астир“ во Тирана. На местото на настанот беше директорот на полицијата на …

Македонски државјанин осомничен за убиство на две жени во Тирана Read More »

Запленети над 5000 пиротехнички средства на Бит пазар


 Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Скопје денеска на подрачје на Бит пазар на ул.192 заплениле 5.382 парчиња пиротехнички средства, а во врска со случајот е приведен О.Д.(25). Од МВР информираа дека по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

ЈО: Уште еден осомничен за пронајдени дрога и оружје во Сингелиќ, определен притвор


Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против 32- годишен жител на скопско Синѓелиќ, осомничен дека во соизвршителство ги сторил кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Како што соопштија денеска од Служба …

ЈО: Уште еден осомничен за пронајдени дрога и оружје во Сингелиќ, определен притвор Read More »

Во Скопје казни за 184 возачи


 На територијата на Град Скопје 184 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Без возачка дозвола биле 15, а како што информираат од МВР 11 санкции се изречени за технички неисправни и нерегистрирани возила, 11 за непрописно престројување, 11 за непрописно престигнување, 16 за …

Во Скопје казни за 184 возачи Read More »

Приведени осум членови на терористичка организација од Скопје и од Куманово


По спроведена повеќемесечна истрага, вчера се приведени осум лица за сторено кривично дело „терористичка организација“, соопшти МВР. – Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во координација со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО за …

Приведени осум членови на терористичка организација од Скопје и од Куманово Read More »