Повредените од сообраќајка во Дебар во стабилна здравствена состојба


Седуммината повредени, од нив двајца потешко, во вчерашната сообраќајна несреќа, што се случи во Дебар се во стабилна здравствена состојба, потврди за МИА, Баки Алили, директор на општата болница со проширена дејност во Дебар. – Во сообраќајката беа повредени седум лица, двајца потешко, додека пет се со полесни повреди. Потешко повредени Ќ.К.(46) од Дебар и […]

Повредени двајца полицајци откако во нив удрило „ауди“


При обид да биде сопрено, патничко моторно возило „Ауди“ со швајцарски регистарски ознаки, кај клучка Тремник во близина на Неготино удрило во двајца полициски службеници, соопшти Министерството за внатрешни работи. Полициските службеници, ноќеска 25 минути по полноќ, се обиделе да го сопрат возилото поради сомнение за криумчарење на мигранди. Од МВР додаваат дека откако возилото […]

Тешка сообраќајна незгода во Дебар, седуммина повредени, двајца потешко


Попладнево на излезот од Дебар, на патниот правец Дебар – Струга, во близина на објектот на поранешната Електродистрибуција, се случи тешка сообраќајна несреќа, во која се повредени седум лица, од кои две потешко. Во несреќата, учествувале две патнички моторни возила, едното од Дебар, а другото од село Новак, општина Центар Жупа. – По дојава од […]

Пронајдена дрога во угостителски објект во Битола, уапсени осум лица


Полициски службеници од Битола пронајдоа дрога во угостителски објект, а во текот на ноќта во координација со овластени лица од други јавни институции откриле присуство на лица во угостителски објекти без сертификати. Од СВР-Битола соопштија дека синоќа од 23.30 до 02.30 часот направена е контрола од страна на полициски службеници од Полициска станица Битола и […]

Затворени пет ноќни клубови и дискотеки во Скопје поради нерегуларности


Синоќа, Министерството за внатрешни работи, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во координирана акција затворија пет ноќни клубови и дискотеки во Скопје, а казнети се и стотина граѓани заради возење под дејство на алкохол. Од МВР велат дека имале сознанија оти во работењето на клубовите и дискотеките има нерегуларности, како неиздавање фискални […]

Затворени неколку угостителски објекти – не издавале фискални сметки, имале гости без сертификат


Во заедничка координирана акција на Бирото за јавна безбедност- Оддел за криминалистичка полиција, СВР Скопје-Единица за интервентна полиција, инспектори за малолетничка деликвенција, Управата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат денеска околу 01:00 часот беше спроведена акциска контрола во повеќе угоститителски објекти – дискотеки и ноќни клубови, за кои имало сознанија дека во нивното работење […]

Изречени 135 санкции во Аеродром, Карпош и Центар


Во текот на вчерашниот ден во период од 20:00 до 04:00 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на град Скопје, во општините Аеродром, Карпош и Центар при што санкционирани се 135 возачи.  Во Општина Аеродром санкционирани се вкупно 60 возачи, меѓу кои седум за возење без […]

Регистрирани два случаја на семејно насилство во Источниот регион


Два случаја на семејно насилство регистрирал Секторот за внатрешни работи, првиот се случил синоќа во Карбинци, а вториот денеска во Кочани. – Полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода 50-годишниот В.С. од село Радање, Општина Карбинци, бидејќи во 19:30 часoт во село Карбинци физички ја нападнал неговата поранешна 37-годишна сопруга. По комплетирање […]

Санкции за возила кои вршат јавен превоз на патници на територија на СВР Тетово


Полициски службеници на СВР Тетово денеска (10 декември) од 8 до 13 часот спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, во најголем број автобуси и комбиња. При контролата биле откриени и законски санкционирани 10 технички неисправни возила (ТЕ-5 и ГВ-5). Седум од возилата (ТЕ-5 и ГВ-2) имале неисправни сопирачки, 1 (ГВ) […]

Пожар во стан во Аеродром, загина неподвижна жена


Скопската Противпожарна бригада синоќа изгасна пожар во стан во нова зграда на улица „Методиј Шаторов-Шарло“ во Аеродром, во кој загинала повозрасна неподвижна жена. Командантот на Противпожарната бригада Владимир Симоновски за МИА изјави дека пожарот го зафатил делот со креветот каде лежела жената, која била сама во станот и поради тешката здравствена состојба не можела да […]

МВР: Пресечен шверц на дрога од Косово, запленета марихуана вредна околу 600.000 евра, приведени шест лица


 Во координирана полициска акција вчера е пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога од Косово на територијата на нашата држава, при што се запленета околу 200 килограми марихуана во вредност од околу 600 илјади евра и се лишени од слобода шест лица – македонски и косовски државјани, информира денеска Министерството за внатрешни работи. Акцијата е […]

Тетовец изгазил двајца велосипедисти


Во средата, во 23.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружниот тек од бул.„Видое Смилески Бато“ со ул.„Браќа Миладинови“ во Тетово, патничко возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(48) од Тетово, удрило во два велосипеда управувани од С.М.(54) и В.Р.(39), двајцата од Тетово. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни […]

Пронајдени и одземени бесправно исечени огревни дрва, кривични пријави против инволвираните


Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица презеле засилени мерки за откривање и санкционирање лица кои вршат бесправна сеча и превоз на огревни дрва, при што на планината Беласица биле запрени товарно возило „застава“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ф.М. (29) од село Банско, натоварено со бесправно исечени огревни дрва и моторно возило […]

Во Белград уапсени тројца македонски државјани за тешки кражби


Припадници на Министерството за внатрешни работи во Белград расветлија повеќе кривични дела „тешки кражби“ и приведоа тројца државјани на Северна Македонија, од кои едниот има и српско државјанство јави дописникот на МИА од Белград. Полицијата ги уапси Б.С. (24), Б.Н.(31) и А.К. (23), кои се сомничат дека во текот на ноември и декември годинава провалиле […]

Македонски државјанин уапсен на преминот „Морина“ со 39 илјади евра и опрема за криптомонети


Македонски државјанин е уапсен на граничниот премин Морина на албанско – косовската граница, откако кај него се пронајдени непријавени 39 илјади евра и опрема за производство на криптомонети. – Службите на граничната полиција и царината на преминот Морина, како резултат на засилените контроли, со цел спречување и сузбивање на незаконитоста, врз основа на анализа на […]

Протуѓер сведочеше декa Груевски му кажал дека купил плац на Водно од 10 000 квадратни метри


Поранешниот шеф на кабинетот на Никола Груевски, Мартин Протуѓер, и негов некогашен најблизок соработник, ја потврди тезата на обвинителката Лиле Стефанова во случајот „Плацеви на Груевски“, сведочејќи дека Груевски лично му кажал оти купил плац од 10.000 квадрати.   Со тоа паднаа во вода статусите на Фејсбук на избеганиот Груевски од Будимпешта, во кои тврди […]

Јанкулоска сведочеше како донатори му давале пари на Груевски


Од затворот „Идризово“ до Основниот кривичен суд во Скопје утрово беше спроведена поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за да сведочи за тоа како се финансирала ВМРО-ДПМНЕ во периодот кога таа извршуваше партиски функции, објави „360 степени“. Јанкулоска рече дека може да зборува за периодот кога таа била генерален секретар на партијата, од есента […]

Лажен оџа и негови соработници осомничени за полов напад врз дете и за измами


Основното јавно обвинителство – Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“. Против истото лице, како и против двајца други осомничени соизвршители, поведена е постапка и за кривично дело „измама“. – Првиот осомничен, 37-годишен жител на Кочани, во два наврати […]

При претрес во Битола, пронајдена дрога


Во понеделникот, на ул.„Климент Охридски” во Битола, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје во СВР Битола го лишиле од слобода Д.Д.(33) од Битола. При претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, повеќе предмети со остатоци од прашкаста материја и пари […]

Пронајдена лабараторија за производство на дрога во Катланово, приведен дилер


Полицијата денеска по претходно добиени оперативни сознанија и наредба од Основен кривичен суд Скопје изврши претрес во викенд куќа во Катланово каде пронајде лабораторија за производство на марихуана, околу 200 саксии со насади, филтри за воздух и друга опрема за производство, околу два килограми марихуана. – Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија […]