Исчезнат маж од Скопје, пронајден мртов


Вчера во 21:45 часот во СВР Скопје, А.Т. пријавил дека позади неговата куќа во нас.„Илинден“, скопско, го пронашол починат неговиот татко Д.Т.(63), за кој претходно пријавил дека се оддалечил од домот. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а телото е дадено за обдукција.

Во Скопје приведен Горан Стојков, поранешниот командант на „Лавови“


Поранешниот командант на расформираната полициска единица „Лавови“ , Горан Стојков, попладнево е уапсен во Скопје. Тој беше баран со потерница за издржување казна затвор од една година. „На 16.12.2021 во 16:15 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги на бензинска пумпа на бул.”Србија” во Скопје го лишија од слобода Г.С. (51), роден во Струмица, а […]

Куче каснало старец и старица во Аеродром


Во еден ден во полиција двајца пријавиле дека се каснати од кучиња скитници на булевар „АСНОМ“ во Општина Аеродром. Во средата, во 9 часот во полициската станица Аеродром, А.Ј.(78) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник. Истиот ден, во 13.30 часот во полициската станица Аеродром, М.Ј.(73) од Скопје пријавила дека на […]

Еден починат и тројца повредени во две сообраќајки


Еден жител на Батинци загина, друг е повреден во сообраќајна незгода што се случила во селото, а во друга соображајка во Светиниколско, повреденис е уште двајца. Впо средата, околу 20.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Батинци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од […]

Пожар во куќа во тетовско Радиовце, нема повредени


Изгорен е подпокрив и ѕидови во куќа на жител на тетовско Радиовце вчера во пожар што се случил околу 11 часот. При пожарот нема повредени лица. – Настанал пожар во куќата на 61-годишниот Р.Б. во тетовско Радиовце. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна служба пожарот за кусо време бил локализиран. Увид извршила екипа од СВР […]

Жена го прободела сопругот, кој се обидел да го повреди нивното дете во кумановско Табановце


 Жена од кумановското село Табановце го прободела сопругот, откако тој се обидел да го повреди нивното дете, соопшти денеска СВР Куманово. – Вчера во 22:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Табановце, кумановско, Ј.А.(23) од село Табановце, при семејна расправија, со остар предмет нанела убодна рана на нејзиниот сопруг Љ.А.(25) од Куманово, […]

Одложено судењето за „Шпански скали“, следното рочиште во јануари


 Судењето за случајот „Шпански скали” се одложува за 18 јануари 2022 година поради повреда на првобвинетиот, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска на почетокот на денешното рочиште, информираше дека одбраната на Јанакиески доставила оригинален документ од медицински преглед од 13.12.2021 година во „Аџибадем Систина”. – Со оглед дека станува […]

За да ја одмазди смртта на ќерката во сообраќајка, нарачал убиство на нејзините сопатници


Основното јавно обвинителство Куманово поднесе Обвинителен акт против 57 – годишен кумановец за сторено кривично дело „Убиство“ од член 123 став 3 во врска со став 2 точка 4 во врска со член 23 став 2 од Кривичниот законик. Обвинетиот се товари дека со умисла поттикнувал двајца оштетени да лишат од живот три лица. – […]

Акција на МВР во Скопје, запленети над 100 килограми марихуана


 Во близина на Скопје, вечерва МВР во голема полициска акција заплени на 100 килограми марихуана. МИА дознава дека освен заплената дрога, во акцијата има и преведени лица. Акцијата се спроведува на влезот на Скопје, од страна на Тетово. Од МВР само потврдуваат дека ваква акција е во тек, а детали најавуваат по нејзиното завршување, во […]

Пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога од Албанија во вкупна вредност од околу 300.000 евра


Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, поточно Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи заедно со САЕ „Тигар“, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Охрид, денеска го приведоа З.С.(57) од Охрид, со што успешно е пресечен уште еден меѓународен канал за транспорт […]

Од 13 автобуси и комбиња, проверени во сообраќајна контрола, дури девет биле со фалинки 


Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип вчера спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што биле проверени 13 автобуси и комбиња, кои вршат јавен превоз на патници и биле упатени во станица за технички преглед. Според извршената контрола од 13 автобуси и комбиња, дури кај девет од нив им било пронајдена некоја фалинка. […]

„Стоп со употреба на петарди“ – симулирана вежба за опасноста од пиротехнички средства


Со симулирана вежба во која на девојка и е нанесена тешка повреда на раката како резултат на користење пиротехнички средства, на плоштадот „Македонија“ денеска Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст алармираа за опасноста од употребата на петарди и други распрскувачки материи. Портпаролот на МВР Тони Ангеловски потенцира дека секоја година во целиот свет околу […]

Осумнаесет возачи од Куманово возеле брзо, петмина фатени на „ноќен радар“


Осумнаесет возачи од Куманово возеле брзо, петмина биле откриени со „ноќен радар“ соопштија денеска од СВР Куманово. – Вчера на територијата на општина Куманово била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани се 18 возачи кои ја пречекориле максималната дозволена брзина, од кои пет биле […]

Условна осуда за агентот за недвижности, две години затвор ако не ги врати парите на оштетените граѓани


Осум месеци откако МИА го обелодени случајот во кој агент за недвижности оштети десет граѓани со измама при купопродажба на станови, во судница број осум во Основниот Кривичен суд – Скопје, денеска на обвинетиот му беше изречена алтернативна мерка – условна осуда. Според пресудата, на обвинетот му се утврдува условна казна затвор во траење од […]

Приведена жена од Битола барана по потерница


Полициски службеници од Полициска станица Радовиш вчера во 12.00 часот во Радовиш, ја лишиле од слобода М.Е.(42) од Битола. Од МВР денеска информриаа дека за неа била распишана потерница за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“. Лицето било спроведено во Казнено – поправна установа „Затвор Идризово“. 

Ограбена црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје


 Непознати сторители ноќеска ја ограбиле црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. Во моментот полициски службеници вршат увид. Засега нема инфорамација што е украдено. Министерството за внатрешни работи најави дека по извршениот увид ќе бидат соопштени повеќе детали за грабежот. Кражбата е пријавена утрово околу 6.30 часот. 

Одложено денешното рочиште за предметот „Т.Н.Т.“


Поради спреченост на обвинителот и на дел од обвинетите, за 22 декември е презакажана главната расправа за  предметот „Т.Н.Т.“ што требаше да се одржи денеска, информираат од Основен кривичен суд Скопје. -Главната расправа за предметот со КОК бр. 53/17, од обвинителството означен како „Т.Н.Т.“, насрочена за 14.12.2021 година се презакажува заради спреченост на обвинителот и […]

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање на службена тајна 


Одделението за внатрешни работи Неготино во содејство со Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против С. К. (24) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „Оддавање на службена тајна“ и „Злоупотреба на службена положба и овластување“, казниви по член 360 и член 353 од Кривичниот законик. […]

Загинатиот возач во денешната сообраќајка во Бугарија не е македонски државјанин


Бугарија– Возачот на камион кој утрово загина во сообраќајна несреќа на автопатот Тракија во Бугарија, не е македонски државјанин, јави дописникот на МИА од Софија. Портпаролот на Окружното обвинителство во Стара Загора, Георги Видев за МИА изјави дека загинатиот возач е државјанин на Црна Гора, а камионот што го управувал било со црногорски регистарски таблички. Сообраќајната […]

Возач на камион со македонски таблици загина во Бугарија по тешка несреќа на автопатот „Тракија“


Возач на камион со македонски таблици загина во Бугарија по тешка несреќа на автопатот „Тракија“, пренесува ТВ21.     Според првичните информации од МВР на Бугарија за ТВ21, околу 6.40 часот утрово се случила сообраќајна несреќа меѓу два камиони, по што едно лице загинало. Еден од камионите бил со македонски регистарски ознаки и превезувал санитарна […]