Маж исчезна на Божик


Маж на возраст од 61 година и жена на 33-годишна возраст се пријавени за исчезнати на Божик, но жената се вратила дома сама.

Имено, во петокот, во 18.10 часот во Полициската станица Аеродром, Ц.Р.(68) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот поранешен зет Р.П.(61). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Истиот ден, во 13.45 часот во Полициската станица Бит Пазар Г.Ш.(41) од Скопје пријавила дека нејзината сестра М.И.(33) која на 06.01.2022 беше пријавена дека се оддалечила од домот, се вратила во домот.