Возот Битола-Скопје прегази албански државјанин што лежел на пругата


 

Во СВР Битола вчера во 14 часот било пријавено дека патнички воз кој сообраќал на релација Битола – Скопје, на потегот помеѓу стојалиште „Браилово“ и стојалиште „Слепче“, удрил во едно лице кое лежело на пругата.

Лицето починало на местото на несреќата, а по извршениот увид било констатирано дека станува збор за М.Д.(44) од Република Албанија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.