Рекорд на македонските патишта, возило „летало“ со 224 километри на час


Фото: Б. Грданоски

На автопатот Штип- Свети Николе, 25-годишен возач го урна рекордот на брзина фатен со дигиталните сообраќајни мерачи. Иако на тој дел од патот максимално дозволената брзина е до максимум 130 километри на час, младиот шофер возел 224 км/час.

Сообраќајните полицајци успеале да го сопрат и да му пишат казна. До Нова година рекордот утврден со полициски мерачи беше 210 км/час.