Два верижни судари, повредени петмина и еден малолетник


Илустрација

Во две одделни сообраќајни незгови, вчера, настрадаа шестмина, од кои еден малолетник. Во првата сообраќајка кај Кочани учествувале четири, а во втората, на автопатот Гостивар-тетово, три возила.

Имено, во понеделникот, во 15.58 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Страшо Ербапче“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даеву“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(62) од Кочани, патничко возило „фолксваген“, управувано од К.П.(49) од Кочани, патничко возило „фолксваген“, управувано од С.Р.(36) од Кочани и патничко возило „опел“, управувано од Ј.Б.(54) од Кочани, сите со кочански регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле К.П. и сопатничка од возилото „опел“, Н.Б.(50) од Кочани, а Ј.Б. се здобил со телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа Кочани и Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Истиот ден, во 17 часот било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, кај клучка Жеровјане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, со хрватски национални ознаки, управувано од Ф.А.(48) од с.Пирок, патничко возило „мерцедес“, управувано од Б.А.(20) од с.Сенокос и патничко возило „опел“, управувано од М.А.(55) од с.Боговиње, и двете со гостиварски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „опел“, Д.А.Х.(31) од с.Дебреше, а со телесни повреди се здобиле возачот М.А. и уште еден малолетен сопатник од истото возило, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.