Кривична пријава против поранешен директор на АХВ за „злоупотреба на службена положба“


Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против З.П.(41) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информираат од МВР.

– Пријавениот, во својство на овластено лице – директор на Агенција за храна и ветеринарство, во 2016 година ја злоупотребил службената положба и овластувања така што постапил спротивно на Законот за јавни набавки со што го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 4.386.033 денари, велат од МВР и додаваат дека притоа овозможил противправна имотна корист во износ од 7.534.497 денари на фирма од Радовиш и противправна имотна корист во износ од 1.517.033 денари во корист на фирма од Скопје.