Запленети над 6.000 пиротехнички средства во Прилеп, приведени три лица


Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи и Полициската станица од Прилеп, постапувајќи по планот за откривање и санкционирање на продажба на пиротехнички средства, денеска со судска наредба извршиле претрес во магацински простор од продавница, сопственост на М.К.(64), при што пронашле и заплениле околу 5.000 парчиња пиротехнички средства.

Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

– Исто така, од импровизирана тезга во Градскиот пазар одземени се уште 1.000 парчиња пиротехнички средства, наменети за продажба за новогодишните празници, а А.В.(39) и А.О. (21) се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави, информираат од МВР.