Гореше хотел во Неготино, повредени тројца


Вчера околу 18.40 часот избувнал пожар во хотел на бул. „Маршал Тито“ во Неготино. Територијалните противпожарни екипи на Неготино и Кавадарци интервенирале и го пожарот бил изгаснат. Полицијата информира дека три лица се повредени, и тоа С.Т. (41) од Неготино и двајца пожарникари од Неготино, кои завршиле во болница во Неготино.

Бројот на умрени лица од насилна смрт во Македонија зголемен за 54,6 отсто


Според податоците на Државниот завод за статистика, во Македонија, бројот на умрените лица од насилна смрт е зголемен за 54,6 отсто во однос на претходната година и изнесува 677 умрени лица. Умрените од насилна смрт учествуваат со 2,4 отсто во вкупниот морталитет. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2021 година, […]

На „Ќафасан“ уапсени седум лица, дозволиле или вршеле шверц на стока од Македонија


 На граничниот премин „Ќафасан“, на албанско-македонската граница кај Струга, уапсени се седум лица кои дозволиле или вршеле шверц на стока набавена во Македонија.    – Притворени се двајца полициски службеници, двајца цариници и три лица жители на пограничниот град Либражд, за злоупотреба на службената положба, корупција и шверц. По добиени сознанија дека се дозволува минување […]

Двегодишно дете паднало од четврти кат во Скопје


Итната медицинска помош синоќа добила повик откако двегодишно дете паднало од четврти кат од зграда во Скопје. Детето било пренесено во Ургентен центар, но за среќа нема тешки телесни повреди. Полицијата информира дека несреќата се случила во Аеродром, по што блиските го донеле двегодишното дете во поликлиниката Јане Сандански.

Прилепчанец осомничен за обид за убиство на поранешната сопруга


Основното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен осомничен за кривично дело – убиство во обид. – Постои основано сомнение дека тој на 20 јуни, при вршење семејно насилство, во куќа на улицата „Дабничка“ во Прилеп, со умисла се обидел да ја лиши од живот неговата поранешна сопруга. Утрото на критичниот […]

Со автомобил удрил во велосипедист на велосипедска патека кај „Алумина“


На крстосница од ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул. „Јуриј Гагарин“ вчера вечерта се случила сообраќајна несреќа. Патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.Л.(35) од Скопје удрило во велосипедистот Ѓ.Ч.(34) од Скопје. -По незгодата велосипедистот Ѓ.Ч. бил пренесен во Градската Општа Болница „8ми Септември“ каде од доктор му се констатирани телесни […]

Камион управуван од македонски државјанин се превртел на автопат во Бугарија


Камион управуван од државјанин на Северна Македонија вечерва се превртел на автопатот „Тракија“ во правец кон Софија. Сигналот бил примен околу 20.30 часот во регионалната дирекција на МВР во Пазарџик, јави БНТ. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на местото на настанот се испратени тимови на сообраќајната полиција, противпожарната бригада и екипи на […]

Санкции за четири возила, врешеле меѓународен превоз на патници без документација


Полициски службеници од полициските станици за граничните премини „Табановце“, „Долно Блаце“ и „Пелинце“ вчера и завчера извршиле контрола на две патнички возила, еден автобус и еден минибус кои вршеле меѓународен превоз на патници, при што констатирале дека сите вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Како што соопштија од МВР, при контрола […]

Повреден кумановец откако врз него на сред плоштад паднал тврд предмет


Дваесет и петгодишно лице од Куманово Б.Ф е повредено на плоштадот „Маршал Тито“, откако врз него паднал тврд предмет од зграда, информираше денеска полицијата. Настанот се случил вчера во 20:42 часот. Екипа од кумановската полиција извршила увид на местото на настанот. Повреденото лице било пренесено  во општата болница, за укажување лекарска помош. Полицијата презема мерки […]

Во Црна Гора се удави момче од Македонија


  Момче од Македонија, на возраст од 22 години, се удави вчера на плажата „Утјеха“, помеѓу Бар и Улцињ, објави агенцијата СРНА. Момчето се удавило околу 18 часот. На телото немало траги на насилство, а дополнително треба да се утврди причината за смртта. Обвинителот ќе нареди обдукција, објавија црногорските електронски медиуми. Според објавите во локалните […]

Жени тепале мажи, сопрузи – сопругите


Повеќе тепачки регистрирани се во најновиот билтен од полицијата, на територијата на целата држава. Имено, вчера во 18.35 часот во Струга, полициски службеници го лишиле од слобода С.Р.(27) од Скопје затоа што физички ја нападнал и се обидел со остар предмет да ја повреди неговата 21-годишна невенчана сопруга од Скопје. Тој бил приведен во полициска […]

Измамени двајца скопјани – им зеле пари, а услуга не испорачале


Триесет и седумгодишен жител на скопско село вчера пријавил во полициската станица Гази Баба дека бил измамен на 12 јуни од едно лице за сума од 15.000 денари. Според пријавата, лицето му се јавило и се претставило дека е од Тетово и побарало од него да се најдат во Тетово за да договорат транспорт на […]

Пронајден кокаин, приведен дилер на наплатната станица Сопот


На наплатната станица Сопот на автопатот „Пријателство“, полицијата вчера го лишила од слобода Д.Г.(19) од Кавадарци кај кого при личен претрес биле пронајдени и одземени околу 100 грама кокаин и пари, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. – По претходно добиена судска наредба, било запрено возилото „фолксваген поло“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал […]

Пронајдено безживотно тело на 81-годишник во атарот на делчевското село Драмче


Пронајдено безживотно тело во атарот на делчевското село Драмче. Според информации од делчевската полиција се работи за 81-годишник со иницијали Б.А, кој бил пронајден од страна на женско лице кое собирало печурки.   -Телото е пронајден од страна на женско лице во шумата кај Новачко Маало во селото Драмче. На местото излегле медицински лица и […]

Пронајдена дрога во угостителски објекти во Скопје, приведени седум лица


Ноќеска, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица. Притоа, кај седум лица од Скопје, Косово и Норвешка биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја, и тие биле лишени од слобода. Имено, кај А.Д.(23), А.Д.(31) […]

Кривични пријави за крадци од Гостивар, расчистени осум кражби


Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар целосно расчисти осум кражби и тешки кражби и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривични пријави против : Е.А.(26), И Ф.(30) и малолетник, сите од гостиварски Добридол и против Л.С.(40) и С.И.(36) од гостиварско Форино, согласно членовите 235 и 236 од Кривичниот законик. Првите тројца пријавени […]

Опожарено возило на вработен во затворот Идризово


Пожар во возило во затворот Идризово, се случил ноќва по полноќ. На 16.06.2022 во 01,50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Казнено поправната установа Затвор „Идризово“ на паркингот позади управната зграда, било опожарено патничко моторно возило “фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на вработен во затворот. Пожарот бил локализиран од страна […]

Украдено знаме од рускиот конзулат во Битола


Вработена во конзулатот на Руската Федерација во Битола, вчера попладне пријавила дека било одземено руското знаме, кое било закачено на зградата на конзулатот на улица „Маршал Тито“. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Битола: Двајца малолетници тешко повредени на веспа


  БИТОЛА – Битола се растревожи по веста дека синоќа двајца малолетници на возраст од 15 и 16 години со мопед доживееја тешка сообраќајна несреќа во која е повреден и пешак, повозрасно лице. Според потврдени информации од битолската Клиничка болница, возачот на мопедот, момче на 16 години е со тешки телесни повреди, но веќе стабилно, […]

(Фото) Македонец со автомобил падна во река во БиХ


Македонецот З.Љ. (48) утрово со неговото „ауди К7“ падна во реката Босна во Добој, Босна и херцеговина, а за среќа не е повреден. Мажот паднал со автомобилот во реката, по што се качил на покрив и чекал да го спасат полицајците. „Возилото било управувано од страна на З.Љ. од Македонија. Во извлекувањето учествуваа полициски службеници […]