Се запалил автобус со ученици и наставници на „Стража“


Синоќа се случил пожар во автобус со ученици, но за среќа нема повредени.

Според СВР Охрид, околу 19:20 часот пријавено е дека на патниот правец Стража-Кичево настанал пожар во автобус во движење, сопственост на туристичка агенција од Куманово.

-Во автобусот се превезувале ученици и наставници. Пожарот е изгаснат од противпожарна единица, а повредени лица нема, стои во полицискиот билтен.