Нападната наставничка од Куманово


Наставничка од Куманово била нападната од повозрасен сограѓанин, соопшти денеска кумановската полиција. Наставничката го пријавила случајот во СВР Куманово вчера во 15:15 часот.   – Педесетгодишна наставничка во основно училиште во Куманово пријавила дека во кругот на училиштето била физички нападната од лицето Љ.К.(70) од Куманово, информираше полицијата.   По целосното документирање на случајот против Љ.К. […]

При приведување во Шипковица нападнати полицајци


Тетовски полицајци вчера во Шипковица пукале во воздух откако биле нападнати од две лица од село Гајре, кои требало да бидат приведени за инциденти пријавени пред неколку дена. При акцијата слобода се лишени А.М. (40) и Л.М. (39) од тетовско Гајре, кои на 11 и 13 овој месец биле пријавени од две лица од Гајре […]

Еден загинат во сообраќајка на патот Охрид-Кичево


Ноќеска, околу 2.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Климештани и Ботун, општина Дебарца, се случила сообраќајна несреќа, при што загина едно лице. Во сударот учествувале патничко возило „бмв“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.М.(21) од Струга и патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од […]

Малолетници повредени во сообраќајка со мопед во Битола


 Малолетник кој управувал со мопед и малолетна сопатничка се здобија со тешки телесни повреди при сообраќајна несреќа што се случи во Битола. Од СВР-Битола информираат дека несреќата се случила синоќа на улицата „Ружа Делчева“ во Битола, кога мопед „Априлија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетен  битолчанец, удрил во пешакот Б.В. (70) од Битола и […]

ОЈО: Обвинение против двајца битолски гинеколози за тешки дела против здравјето


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог против две лица за кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 1 и 3 од Кривичниот законик“. Како што информира ОЈО, обвинетите, како лекари – специјалисти по гинекологија и […]

(Видео) Пронајдени 15.500 стебла марихуана во штипско Карбинци во вредност од над 5 милиони евра


Полициски службеници од Одделот за сузбивање на сериозен и организиран криминал – Сектор за криминалистички истраги и Единицата за недозволена трговија со дрога, во координација со СВР Штип, во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Општина Карбинци ги лишија од слобода Н.С. (56), А.Н. (37) и М.С.(36), сите од село Карбинци, бидејќи кај нив […]

Полициска акција во Идризово – пронајдени дрога, оружје и други забранети предмети


Рано утрово полиција упаднала во најголемиот затвор „Идризово“. Од МВР соопштија дека при претресот, во затворот биле пронајдени дрога, оружје и други забранети предмети. Во соопштението на МВР се вели: На 14.06.2022 полициски службеници од Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Оддел за криминалистичка полиција и Оддел за специјални полициски операции -Единица за […]

Обвинителството побара дополнителна тимска реобдукција на телото на починатиот кај струмичко Ново Село


Основното јавно обвинителството – Струмица издаде наредба за дополнителна тимска реобдукција на телото кое беше пронајдено на 7 овој месец во местото Ореш, во атарот на струмичко Ново Село, бидејќи обдуцентите и по неколку денови не можеле да се произнесат за причините заради кои настапила смртта, информираа денеска од Јавното обвинителство. Во информацијата стои дека […]

Полицијата го пронајде жителот на општина Старо Нагориане кој беше пријавен дека се оддалечил од домот


Полицијата го пронајде 47-годишниот жител на Општина Старо Нагоричане, кој пред повеќе од еден месец беше пријавен дека се оддалечил од домот, соопшти денеска СВР Куманово. – Вчера во 20:00 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го пронашле Б.П. (47) од село Ругинце, општина Старо Нагоричане, за кој на 11 мај годинава беше пријавено […]

Пронајден дел од човечки труп во ливада во кривопаланечкото село Конопница


Во ливада во атарот на селото Конопница, Крива Паланка, вчера попладне бил пронајден дел од човечки труп, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.   – Вчера попладне, околу 17 часот и 24 минути во полициската станица, одделение за внатрешни работи Крива Паланка, било пријавено дело во ливада во Конопница пронајдени се облека и дел […]

Два автобуси и пет патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација


Полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце на 10, 11 и 12 јуни извршиле контрола на осум патнички возила и на два автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници, соопшти Министерството за внатрешни работи. При контрола на автобус со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.С.(45) од Струга и Р.Ш.(68) од с.Долна Бањица, гостиварско […]

Жена го украла златото од куќата и станот што ги чистела во Желино и во Тетово


СВР Тетово расчисти две кражби на златен накит расчисти извршени во април годинава во Тетово и тетовско Желино. Имено,  поради основи на сомнение дека ги извршила кривичните дела до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против 55-годишната Х.А. од тетовска Палатица. Х.А. се сомничи дека во куќа во Желино и стан во Тетово, каде […]

Загина возач на мопед кај обиколницата кај Богданци


Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа меѓу мопед и автомобил на регионалниот пат – обиколница Богданци. Несреќата, како што соопшти МВР, се случила ноќеска во 01:00 часот, на регионалниот пат – обиколница Богданци, на крстосница кај место викано „Луда Мара“, помеѓу мопед „баотиан-БТ49“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Е.С. (46) […]

Брат убил брат во с. Гиновце, па го закопал во дворот на семејната куќа


Брат го убил брата си и го закопал во дворот од семејната куќа во селото Гиновце, општина Ранковце.   Според информациите од портпаролот на СВР Куманово Ивана Младеновска, сторителот бил лишен од слобода во текот на вчерашниот ден, откако во Министерството за внатрешни работи била примена дојава.   -Во текот на вчерашниот ден, во 15:15 […]

Приведено лице во Штип по распишана потерница


Полицијата вчера приведе едно лице од Штип кое се барало за издржување на затворска казна. – На 9-ти месецов, во 12:30 часот на улица „Радански пат“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Џ.И.(34) од Штип. За него била распишана потерница врз основа на судска наредба со која се барал за […]

МВР поднесе кривични пријави против четворица скопјани за сторени 30 кривични дела


 Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Ѓорче Петров, поднесе кривична пријава против четворица скопјани осомничени за сторени 30 кривични дела за да прибават за себе противправна имотна корист, информираат од Министерството за внатрешни работи. Кривичната пријава против Г.Т. (39), Н.К. (25), Ф.Ф. (30) и Н.Н. (41), сите од Скопје, е поднесена на […]

(Фото) Се преврте автомобил кај МАНУ


Утрово, се случи тешка сообраќајна несреќа на булеварот „Крсте Мисирков“, во близина на МАНУ, кога автомобил се преврте на покрив. Засега нема информации за повредени и евентуални жртви. Од МВР повеќе детали најавуваат за подоцна. Сообраќајот се одвива нормално, а автомобилот е означен со заштитни конуси.

Вработена во угостителски објект точела алкохол на деца


Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект во Битола и против А.Д. (24) од Битола, вработена во објектот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење на алкохолни пијалоци на дете”. Од СВР-Битола појаснуваат дека при контрола во објектот било утврдено […]

Пресуда за „Талир 2“


Во Кривичниот суд во Скопје денеска во 12:30 часот ќе биде објавена пресудата за случајот „Талир 2“, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, и поранешниот генерален секретар на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски. Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ […]

Продолжен притворот на Мухамед Зеќири


Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири останува во притвор, откако денеска Основниот Кривичниот суд – Скопје му одреди нови 30 дена, потврдија извори од Судот за МИА. Ова е второ продолжување на мерката притвор за 30 дена на Зеќири, кого ОЈО-ГОКК го сомничи за злоупотреба на службената положба и овластувања. Првата мерка притвор од […]