Тешка сообраќајка на автопатот Охрид-Кичево, повеќе лица повредени


На 07.07.2022 околу 14.25 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај с.Песочан, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат панда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Х.(31) од Скопје и патничко возило „пежо 306“, со српски национални ознаки, управувано од Љ.Б.(71) од Охрид.

Во несреќата возачот Љ.Б. и Ф.Б.(29) од Скопје, сопатник во возилото „фиат“, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, додека возачот Љ.Х. се здобил со телесни повреди. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.07.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 74 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, четири мерки за користење мобилен телефон, три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за возење без возачка дозвола…