Врховен суд ги одби барањата на Панчевски


Врховниот суд ги одби барањата на експретседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски за преиспитувањето на правосилната пресуда. Па така, врховните судии ја сметаат за исправна затворската казна од две и пол години која ја одреди Кривичниот суд, а ја потврди Апелација.

„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на ден 13.07.2022 година постапуваше по предметот оформен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда од осудениот Владимир Панчевски од Скопје, лично и преку неговиот бранител и одлучи барањата да се одбијат“, велат од Врховен суд.

Панчевски  е осуден за случајот поврзан со АКМИС системот, односно за кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Според овинението, тој во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите што доаѓале во судот на одлучување.