Изгоре барака во Мичурин, спасена соседната


Голем пожар попладнево избувна во скопската населба Мичурин од засега непознати причини. -Пожарот избувна во барака во Мичурин. На терен интервенираа три пожарникарски возила, со осум пожарникари, иако пожарот брзо се рашири. Со брзата интервенција спречен е да се прошири на соседната барака – вели командирот на Скопската бригада за противпожарна заштита Звонко Томески.

Уапсен крадецот на уметнички слики од изложбата во „Матица ексклузив“


Полицијата од ПС Центар вчера го уапсила 33-годишниот Е.Д. од Скопје и му е одреден притвор. По него се трагаше со локална потерница поради основано сомнение дека на 26 и 27 јуни 2022 сторил две тешки кражби на уметнички слики од Павле Кузманоски во книжарницата  „Матица ексклузив“, на ул.„Ѓуро Стругар“ во Скопје. -Дел од украдените […]

На патот Охрид-Ресен привeдени две лица со над 1,5 милиони денари


На 29.06.2022 во 22.40 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен, во с.Избишта, ресенско, полициски службеници од Полициската станица Ресен ги лишиле од слобода И.И.(32) и С.А.(32), двајцата од Неготино. При преглед во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.И., а С.А. бил сопатник биле пронајдени 1.665.000 денари за кои не поседувале соодветна […]

Метална врата на фудбалско игралиште паднала врз дете во Аеродром


  Дете било повредено во Аеродром, кога на фудбалско игралиште врз него паднала метална врата. Во средата, во 19 часот во Полициската станица Аеродром, Р.Ж. (65) од Скопје пријавила дека претходниот ден, околу 20.30 часот на фудбалското игралиште на ул.„Бојмија“ на нејзиниот малолетен внук паднала метална врата. Малолетникот бил пренесен на Детска хирургија при Комплексот […]

Неделава поголем број пријави за семејно насилство во Тетово


Зголемен број на пријави за семејно насилство бележи тетовската полиција оваа недела.  Карактеристично е дека сите пријави се однесуваат за настани случени во градот Тетово. -Вчера во 21 часот и 10 минути во СВР Тетово се пријавил 43-годишниот тетовец Г.Ѓ., откако претходно неговата 63-годишна мајка пријавила дека физички ја нападнал и оштетил дел од покуќнината.Исто […]

Две гранати пронајдени кај Калишта


На брегот на Охридското Eзеро кај струшкото село Калишта, вчера биле пронајдени две стари гранати. Увид и обезбедување на местото извршија полициски екипи а подигнувањето на гранатите, денеска ќе го изврши претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.

Товарен воз удри двајца мигранти, починаа од здобиените повреди


 Товарен воз кој сообраќал на релација Железничка станица Гевгелија – Товарна Трубарево, удрил во две лица мигранти кои лежеле на пругата. Двете лица од здобиените повреди починале на местото на несреќата. Од МВР информираа дека денеска во 02.20 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на железничката пруга, помеѓу Железничка станица Миравци и Железничка […]

На македонскиот државајнин кој уби две сестри во Тирана му се заканува казна доживотен затвор


На македонскиот државјанин Перпарим Адеми (60), кој на 31 декември 2020 година изврши двојно убиство во Тирана  му се заканува казна доживотен затвор.  -Обвинителството денеска побара доживотен затвор за Перпарим Адеми, кој утрото на 31 декември 2020 година смртно ги застрела сестрите Кристина Барди и Жанета Метани, во нивниот стан во населбата „Астир“ во Тирана, пренесува […]

Дојава за бомба на железничката станица во Скопје


Од анонимен број некој се јавил на вработените во железничката станица во Скопје и кажал дека има поставено бомба во објектот, но од полицијата велат дека се работи за куфер на повозрасна жена кој бил оставен до банкомат, а во него имало само алишта.  Од МВР  информираат дека нема никаква опасност за граѓаните по дојавата […]

Камион удри во моторцикл на влезот од Скопје


Во понеделникот утрото, околу 7.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од сервисна улица која ги поврзува бул.„Никола Карев“ со бул.„Александар Македонски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“, управувано од Ф.Ф.(48) од с.Љубин, скопско и мотоцикл, управуван од Ф.Б.(21) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. По несреќата, Ф.Б. бил […]

Во затворот во Штип пронајдени мобилни телефони, ладно оружје, пари, психотропни супстанции и недозволеми материи


Во координирана акција организирана од Управата за извршување на санкции, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство денеска во затворот во КПД Штип пронајдени се мобилни телефони, ладно оружје, пари, психотропни супстанции и недозволеми материи, информираат од Министерството за правда. Акцијата е реализирана во раните утрински часови од 6 до 9 часот. – При претресот […]

Бизнисменот Нефи Усеини доби ослободителна пресуда


Охридскиот бизнисмен Нефи Усеини и неговиот брат, Ибро Усеини, добија ослободителна пресуда за случајот со нивниот сограѓанин, Спиро Топалоски кој ги обвини дека го нападнале. Топалоски, кој пред две години ги обвини браќата дека го нападнале пред охридски хотел, потоа даде спротивен исказ. Судијката Билјана Белевска Пројковска, во пресудата наведува дека е неспорно дека двајцата […]

Повредени две лица во сообраќајка на влезот во Делчево


Две лица се повредени и транспортирани и пренесени во Ургентен Центар Скопје по сообраќајна несреќа и удар на возило „рено“ во ѕид на влезот на Делчево. По несреќата на повредените лица им е укажана медицинска помош, по што со констатирани политрауми, со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.   […]

Сопатничка на мотоцикл загина во сообраќајка во Скопје


Вчера вечер во скопската полиција било пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“, во близина на клучка за Радишани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „опел корса“ управувано од Р.И.(49) од с.Горно Нерези, скопско и мотоцикл „кавасаки“ управуван од Г.В.(45) од с.Трубарево, скопско. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала К.В.(40) од Скопје, сопатничка на […]

Доживотен затвор во Велика Британија за возачите кои усмртиле некого во сообраќајна несреќа


Во Велика Британија следната недела стапуваат во сила промените на законот со кои е предвидено возач кој во сообраќајна несреќа усмртил друго лице би можел да биде осуден на доживотен затвор. Измените на Законот за полиција, криминалитет, казни и судови стапуваат во сила на 28 јуни. Предвидено е судиите да можат да изречат доживотни казни […]

Притвор за ресенчанецот што сакаше да прегази комунални инспектори и полицаец


Прилепската полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 53-годишниот ресенчанец со иницијали Н.К. поради основано сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста по чл. 143 ст 3 од КЗ и две кривични дела напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста по чл. 383 од КЗ. Имено, вчера на 25 јуни […]

Куќа изгоре во пожар во тетовска Шипковица


Семејна куќа во тетовското село Шипковица изгоре ноќеска во пожар кој започнал после полноќ.  При пожарот и при интервенција на пожарникарите нема повредени лица. – Пожарот е пријавен во 00.42 минути во Територијалната противпожарна единица Тетово. Веднаш беа упатени три противпожарни возила и се работеше на целосна локализација и ликвидација на пожарот до раните утрински […]

Се запали вентилација од оџак во центарот на Скопје, пожарот е локализиран


 Во центарот на Скопје вечерва се запали вентилација од оџак во зграда, информира за МИА Ѕвонко Томески, командир на скопската бригада за противпожарна заштита. Пожарот е локализиран и нема опасност, рече Томески и апелираше вентилационите канали да се чистат на време.

Му рекле дека ги праќа познат бизнисмен и од келнер зеле 18.000 денари


Во текот на вчерашниот ден две лица од Тетово и Мала Речица се приведени откако биле пријавени за измама. Тие од келнер успеале да земат 18 илјади денари во неколку наврати така што му рекле дека ги испраќа познат бизнисмен на кого итно му требале пари да му бидат доставени. – Вчера околу 13 часот […]

Жител на неготинско Криволак осомничен за производство на марихуана


Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ според член 215 став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти ЈОРМ, осомничениот 21-годишник, во дворот на куќата во која живеел […]