Во Скопје 208 сообраќајни прекршоци, 99 санкции за мотоциклисти


На територија на град Скопје вчера изречени се вкупно 208 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 29 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 99 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, соопшти МВР. Изречени се осум мерки за нерегистрирани возила, 18 санкции за возење под дејство на алкохол, …

Во Скопје 208 сообраќајни прекршоци, 99 санкции за мотоциклисти Read More »

Две лица повредени во сообраќајка на излезот од Струмица кон Радовиш


Две лица се повредени во сообраќајка која се случи вечерва во 19:10 часот на кружниот тек на излезот од Струмица кон Радовиш. Според информациите од портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во сообраќајката учествувале две патнички возила. Повредени се возачот и сопатникот од едното возило, кои се пренеси на лекување на струмичката болница. Полицијата извршила …

Две лица повредени во сообраќајка на излезот од Струмица кон Радовиш Read More »

Опожарени две возила во Карпош


Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 02,50 часот било пријавено дека на подрачјето на Карпош настанал пожар во возило „опел вектра“, сопственост на Д.С. (60) од Скопје. Од пожарот било зафатено и возило “рено лагуна“ со скопски регистарски таблички, сопственост на А.М.(25) од Скопје.  Полицијата работи на расчистување на случајот. 

Тројца избодени со нож на концертот на ДУИ


Тројца малолетници се уапсени, а три лица, од кои еден малолетник завршиле во болница за време на концертот организиран од ДУИ по повод 20 години од формирање на партијата. -На 03.06.2022 во Полициската станица Бит Пазар биле приведени три малолетни лица, од кои двајца од Арачиново на возраст од 15 и 16 години и едно …

Тројца избодени со нож на концертот на ДУИ Read More »

Шеснаесетгодишник прегази и усмрти жена на „Пластичарска“


Полицијата излезе со детали за сообраќајната несреќа во која денеска загина пешак кај „Пластичарска“. -На 04.06.2022 во 13.05 часот било пријавено дека на бул.”Никола Карев” патничко моторно возило “сеат леон” со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје удрилo во Т.Р.(47) од Скопје. Т.Р. починала на местото на настанот. Од страна на лекар констатирана …

Шеснаесетгодишник прегази и усмрти жена на „Пластичарска“ Read More »

Повредена жена во судар на „голф“ и „априлиа“


Во петокот, во 14 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп кај Росоман се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.И.(23) во с.Камен Дол-Росоман, и мопед „априлиа“ без регистарски ознаки, управуван од Ц.В.(49) од Росоман, соопшти МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.В. констатирани во Општата …

Повредена жена во судар на „голф“ и „априлиа“ Read More »

Поднесена кривична пријава за кривично дело „загрозување на животната средина со отпад“


Одделението за внатрешни работи Кочани  во  координација со Државен инспекторат за животна средина до Основно јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против О.Т.(44), правно лице од Кочани и  Н.Н.(22) од Кочани во својство на одговорно лице во правното лице поради постоење  основи на сомнение дека сториле  кривично дело „загрозување на животната средина со отпад“ по …

Поднесена кривична пријава за кривично дело „загрозување на животната средина со отпад“ Read More »

Педесетгодишник го загуби животот во сообраќајка во тетовско Желино


Педесетгодишен жител на Желино го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи  синоќа во ова тетовско село околу 20 часот и 30 минути. -Во СВР Тетово во 20 часот и 30 минути било пријавено дека на локален пат во Желино патничко моторно возило удрило и усмртило 50-годишник кој бил пешак. По пријавената несреќа во …

Педесетгодишник го загуби животот во сообраќајка во тетовско Желино Read More »

Под истрага шест лица за трговија со луѓе


Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по преземените предистражни дејствија, денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица. Четворица од осомничените заедно, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејства што претставуваат повеќекратно остварување на кривичното дело Трговија со луѓе, а останатите двајца се товарат дека го …

Под истрага шест лица за трговија со луѓе Read More »

ДКСК бара кривично гонење на Рашковски и Зеќири за склучување авторски договори


Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука да поднесе Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење до Основното јавно обвинителство Скопје, против Драги Рашковски, поранешен генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија, и против Мухамед Зеќири, поранешен генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија, кои за време на извршување на нивната службена …

ДКСК бара кривично гонење на Рашковски и Зеќири за склучување авторски договори Read More »

Обвинение за Лидија Димова за злоупотреба на 320.000 евра од европски програми


Обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска поднесе обвинителен акт против Лидија Димова, разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Александар Гочев, тогашен нејзин близок соработник и Ана Павлиду, пензионира благајничка во институцијата. Според обвинителката, сите три лица оштетиле средства на европската заедница. Лидија Димова се гони дека со намера за друг да прибави …

Обвинение за Лидија Димова за злоупотреба на 320.000 евра од европски програми Read More »

Нападнат вработен во бензинска


Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 02.10 часот во СВР Скопје, М.М.(32) од с.Ајватовци, општина Илинден, пријавил дека на работното место на бензиска пумпа во с.Кадино, општина Илинден, по претходна расправија, бил физички нападнат од Ж.Ј.(41) од општина Арачиново. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Малолетник пукал во близина на училиште во Бутел


Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на средно училиште на подрачјето на Бутел, малолетник испукал куршум од огнено оружје. Од полицијата информираат дека во координација со Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Врховниот суд ги потврди затворските казни за Катица Јанева и Бојан Јовановски


Врховните судии ја потврдија затворската пресуда за предметот „Рекет“ каде на Катица Јанева и беше одредена седумгодишна затворска казна, а на Бојан Јовановски му беше изречена деветогдишна затворска казна. Ова е трета инстанца која одлучуваше по овој предмет, по Кривичниот суд и Апелација, а сите донесоа идентична одлука.   „Врховниот суд на Република Северна Македонија …

Врховниот суд ги потврди затворските казни за Катица Јанева и Бојан Јовановски Read More »

Две жртви во сообраќајка кај штипската населба Македонка


Загина брачен пар од Штип во тешка сообраќајка што се случи синоќа кај штипската населба Македонка. При судир на две возила, „југо“ и „опел астра“, на лице место починале возачот, 68-годишниот Г.П. и 62- годишната сопатничка Ј.П.. Автомобилот „опел астра“ го управувало 20-годишно момче од Штип, кое здобило телесни повреди. Портпаролот на СВР – Штип, …

Две жртви во сообраќајка кај штипската населба Македонка Read More »

Обвинителството бара да му се одземе Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ


Никола Груевски и Кирил Божиновски обвинети во случајот „Талир 2“, да бидат прогласени за виновни, додедека седиштето на политичката ВМРО-ДПМНЕ да биде одземено, предложи обвинителот Љубомир Лапе во завршните зборови за овој предмет. Според обвинителот Лапе, обвинетите Груевски и Божиновски политичката партија ВМРО-ДПМНЕ ја третирале како било кој трговски субјект. -Така, обвинетите пристапиле кон преземање …

Обвинителството бара да му се одземе Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Мухамед Зеќири останува во притвор


Апелациониот суд го потврди решението со кое е продолжена мерката притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Од Судот за МИА потврдија дека апелационите судии ја одбиле жалбата на Зеќири со која тој побара да биде пуштен да се брани од слобода. По оваа одлука на Апелациониот суд поранешниот владин генерален секретар останува …

Мухамед Зеќири останува во притвор Read More »

Полицијаци му дале знак за запирање, возачот се залетал во нив


На локалниот пат кон село Богојци возач се обидел да удри во двајца полициски службеници, откако претходно полицијата дала знак за запирање. – Околу 11:20 часот во текот на вчерашниот ден, на локалниот пат кон село Богојци, струшко, полицијата од Полициското одделение Велешта дале знак за запирање на патничко возило „Опел фронтера“, без регистарски ознаки, кое било натоварено со дрва и во кое …

Полицијаци му дале знак за запирање, возачот се залетал во нив Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: МВР го прикрива случајот со пукањето во Чаир


ВМРО-ДПМНЕ обвини денес дека МВР и Оливер министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го прикриваат случајот со пукањето во Чаир, во кој според нив бил вмешан заменик директорот на БЈБ, Ариф Асани. -Наместо гарантирање на безбедноста во главниот град, но и во државата, МВР на чело со Спасовски е извор на криминалот и пресметките со …

ВМРО-ДПМНЕ: МВР го прикрива случајот со пукањето во Чаир Read More »

Дрвја незаконски сечеле 16 лица, од кои 7 малолетници


Во четвртокот на повеќе локации во место викано Борула, прилепско е спроведена координирана акција по Оперативна акција “Гора” на СВР Битола-ОВР Прилеп – НККР, Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции со поддршка на  ЈП Национални шуми и внатрешна контрола на ЈП Национални шуми. Од слобода се лишени И. А.(35), С. А.(58), …

Дрвја незаконски сечеле 16 лица, од кои 7 малолетници Read More »