Нападнат вработен во бензинска


Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 02.10 часот во СВР Скопје, М.М.(32) од с.Ајватовци, општина Илинден, пријавил дека на работното место на бензиска пумпа во с.Кадино, општина Илинден, по претходна расправија, бил физички нападнат од Ж.Ј.(41) од општина Арачиново.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.