Опожарени две возила во Карпош


Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 02,50 часот било пријавено дека на подрачјето на Карпош настанал пожар во возило „опел вектра“, сопственост на Д.С. (60) од Скопје.

Од пожарот било зафатено и возило “рено лагуна“ со скопски регистарски таблички, сопственост на А.М.(25) од Скопје. 

Полицијата работи на расчистување на случајот.