Битолчанка тешко повредена во сообраќајка кај Ресен


Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случи вчера на патот Ресен-Битола, после местото викано „Чешмите“. Како што информираат од МВР, сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко возило „рено талисман“ со хрватска национална ознака, управувано од М.И.(39) од Република Хрватска и патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Ѓ.(34) …

Битолчанка тешко повредена во сообраќајка кај Ресен Read More »

Малолетници со метални предмети се тепале пред кумановско училиште


Малолетници се степале во Куманово, употребувајќи метални и тврди предмети, соопшти денеска полицијата. -Вчера од 17:30 до 18:30 часот во Полициската станица Куманово на службен разговор биле повикани пет малолетници од Куманово затоа што со група од други малолетници околу 13 часот пред средно училиште во Куманово физички ги нападнале Ф.К.(18) и уште едно лице, …

Малолетници со метални предмети се тепале пред кумановско училиште Read More »

Вработен на онкологија зел мито за да издаде терапија на пациентка


Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 21.10.2022 до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против К.У.(24) од Дебар, за сторено кривично дело „примање поткуп“, предвидено и казниво по член 357 од Кривичниот законик. К.У., вработен во Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија-Скопје, постапувајќи во рамките на своите службени овластувања, за …

Вработен на онкологија зел мито за да издаде терапија на пациентка Read More »

Изгоре стан во Аеродром, се запалил од плинска боца


Стан во зграда на булевар „АСНОМ“, на потегот меѓу хотел „Русија“ и хотел „Хилтон“ утринава е опожарен од плинска боца. Пожарот кој е пријавен нешто пред 10 часот е изгаснат и нема жртви. Интервенирано со пет противпожарни возила и 14 пожарникари.

Пијан велешанец ставил нож под грло на жена во полициска станица


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен велешанец, осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Како што се наведува во соопштението на ЈО, на 17 октомври, во полициска станица во Велес, тој се …

Пијан велешанец ставил нож под грло на жена во полициска станица Read More »

МВР предупредува: Филмски сцени со огнено оружје ќе се снимаат вечер на „Владимир Полежановски“


Во објект на ул. „Владимир Полежановски“ во Скопје вечер ќе се снимаат сцени за серијата „Бистра вода“, во кои ќе биде употребено огнено оружје. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи по информација добиена од страна на продуцентот на играната серија „Бистра вода“, снимањето ќе се одвива во периодот од 22.00 до 02.00 часот. 

Британка со привремен престој во Охрид ограбувана од лицето кое се грижело за неа


 Британска државјанка, која била со привремен престој во Охрид, е ограбувана од лице кое се грижело за неа. Тој неовластено ја користел нејзината банкарската картичка, со којашто извршил повеќе трансакции во вредност од 1.700.000 денари. – Тој, на 21.09.2022 неовластено ја употребил банкарската картичка сопственост на 86 – годишна жителка на Англија, со привремен престој …

Британка со привремен престој во Охрид ограбувана од лицето кое се грижело за неа Read More »

Боки 13 претепан во Идризово, со Брза помош префрлен во болница


Три лица го претепале Боки 13 во дворот на затворот „Идризово“. Со повреди во пределот на главата, рацете, но и во абдоменот каде веќе имаше здравствени проблеми, бил пренесен и задржан на лекување во болница пишува А1он. „Во 20 часот во СВР Скопје – Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено …

Боки 13 претепан во Идризово, со Брза помош префрлен во болница Read More »

„Мош“, „Мечос“, „Локал 45“ и „Интермецо“ казнети за прегласна музика


 По зголемениот број пријави од граѓани за гласна музика од угостителските објекти во ноќните часови, особено во летниот период, Секторот за инспекциски работи на Општина Центар во периодот од мај до септември спроведе акции за мерење на бучавата од гласна музика, при што се изречени казни на четири локали. Акциите, како што соопшти Општината, се …

„Мош“, „Мечос“, „Локал 45“ и „Интермецо“ казнети за прегласна музика Read More »

Изгоре куќа во Оризаре, а жена на возраст од 40 години е повредена


На 19.10.2022 во 11.23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во с.Оризаре, oпштина Липково, настанал пожар во куќа сопственост на А.С.. Екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово го изгаснала пожарот, а со повреди од пожарот се здобила Р.В.(40) од с.Оризаре, која била пренесена во Општа болница Куманово за укажување на лекарска помош.  

Исчезна 17-годишна скопјанка


Девојка од Скопје, на возраст од 17 години е пријавена за исчезната. На 19.10.2022 во 18 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ј.С.(46) пријавила дека, по претходна семејна расправија, од дома се оддалечила нејзината ќерка А.М.К.(17), соопштија од МВР. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Управител и фирма осомничени за злоупотреба на постапка за јавна набавка за хигиенски средства за Владата


Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело злоупотреба на постапката на јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство од член 275-в од Кривичниот законик. Осомничениот управител преку правното лице во 2018 година, соопштија денеска од Јавното обвинителство …

Управител и фирма осомничени за злоупотреба на постапка за јавна набавка за хигиенски средства за Владата Read More »

Рускоска смета дека нејзиното изземање нема да влијае на судењето за 27 април


Суспендираната јавна обвинителка Вилма Русковска смета дека барањето за изземање на Обвинителството за предметот „Организатори на 27 април“, поради снимката на која наводно се слуша нејзиниот глас, „апсолутно не може“ да го смени текот на судскиот процес. – Таа снимка излезе во јавност уште некаде кон крајот на јули или почетокот на август. Законот е …

Рускоска смета дека нејзиното изземање нема да влијае на судењето за 27 април Read More »

Се степале на „Партизанска“, малолетник извадил и нож


Вчера во 18 часот на бул.„Партизански одреди“, во автобус на ЈСП, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Ш. (19), Н.М. (19), Е.Ш. (18), тројцата од с. Чајлане, општина Сарај и еден малолетник од с. Крушопек, скопско, затоа што во 17.45 часот на бул. „Партизански одреди“ физички ги нападнале Б.А. (19), А.Ј. (19) …

Се степале на „Партизанска“, малолетник извадил и нож Read More »

На Китка пронајден мртов ловџија


Млад маж, на возраст од 33 годишни од Скопје е пронајден мртов на планината Китка, откако со уште двајца познаници биле на лов. – На 16.10.2022 околу 9.30 часот во СВР Скопје, Ж.И. пријавил дека на планината Китка, на 10 км над с.Вражале, скопско, го пронашле починат Ј.Ј.(33) од Скопје, кој заедно со Ж.И. и …

На Китка пронајден мртов ловџија Read More »

Исклучени од сообраќај 23 автобуси што превезувале ученици


Денеска, од 6 до 10 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици,  за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 30 прекршоци. Од нив 23 возила се упатени на вонреден технички преглед, …

Исклучени од сообраќај 23 автобуси што превезувале ученици Read More »

Судењето за убиството на ракометарот Тот продолжува на 26 октомври


Судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје, продолжува на 26 октомври, откако на денешното рочиште, беа изведени видео материјали од безбедносните камери на дискотеката и Сејф сити системот, на кои се гледаат случувањата пред дискотеката на кобната ноќ на 7 април годинава …

Судењето за убиството на ракометарот Тот продолжува на 26 октомври Read More »

Со изведување докази на Обвинителството продолжи судењето за убиството на Тот


Со изведување на докази предложени од Обвинителствот о денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во скопскиот Градски парк. Се изведуваат видео материјали на кои се гледаат случувањата пред дискотеката на кобната ноќ на 7 април во периодот од …

Со изведување докази на Обвинителството продолжи судењето за убиството на Тот Read More »

Млада жена фатена како краде во Куманово


Во неделата, во 16.55 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.З.(24) од Куманово. Таа се сомничи дека малку пред тоа извршила кражба во приватен имот на улицата „Стево Филиповиќ“. Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против неа …

Млада жена фатена како краде во Куманово Read More »

Во велешката касарна најден починат 59-годишен гевгеличанец вработен во армијата


Во Полициската станица Велес вчера било пријавено дека во канцеларија во касарната на Армијата во Велес бил пронајден починат  59 годишниот С.А. од Гевгелија, вработен во армијата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, информира денеска портпаролот на СВР Велес,Ристе Самарџиев. Тој појасни дека  извршен бил увид од увидна екипа од …

Во велешката касарна најден починат 59-годишен гевгеличанец вработен во армијата Read More »