Се степале на „Партизанска“, малолетник извадил и нож


Вчера во 18 часот на бул.„Партизански одреди“, во автобус на ЈСП, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Ш. (19), Н.М. (19), Е.Ш. (18), тројцата од с. Чајлане, општина Сарај и еден малолетник од с. Крушопек, скопско, затоа што во 17.45 часот на бул. „Партизански одреди“ физички ги нападнале Б.А. (19), А.Ј. (19) и Р.М. (19), сите од Маврово-Ростуше.

Малолетникот употребил и остар предмет, кој му бил пронајден и одземен. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.