Млада жена фатена како краде во Куманово


Во неделата, во 16.55 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.З.(24) од Куманово.

Таа се сомничи дека малку пред тоа извршила кражба во приватен имот на улицата „Стево Филиповиќ“.

Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.