Уапсени трите лица за бруталниот напад врз 14-годишник во Ченто


По неколкудневна истрага, полицијата приведе три лица осомничени за бруталниот напад врз 14-годишно момче, кој минатата недела се случи на подрачјето на населбата Ченто, при што против нив ќе биде поднесена кривична пријава по целосното расчистување на случајот. Како што информираат од МВР, нападот се случил на 22 јуни околу 23:05 часот, кога тројцата физички го нападнале малолетникот […]

Сослушани две од насилните малолетнички што понижуваа и тепаа 12-годишно девојче во Аеродром


Во Полициска станица извршен разговор со две малолетнички и нивни родители во врска со насилството во скопски Аеродром, следуваат кривични пријави   На 01.07.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека на 30.06.2026 околу 22:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром нејзината 12-годишна ќерка била физички нападната од 14-годишна малолетничка […]

„Ќутете да слушнеме како ќе пука!“ Девојче на колена моли да престанат да го малтретираат врснички во Аеродром


Вознемирувачко видео кое се шири на социјалните мрежи прикажува врсничко насилство врз малолетно девојче во скопската населба Аеродром. На снимката се гледа како девојчето, клекнато на колена, моли за милост, додека неколку други девојчиња го навредуваат, му удираат шлаканици и го влечат за коса. Во меѓувреме, присутните не интервенираат, туку го снимаат инцидентот со мобилни […]

Старица се пожалила дека е малтретирана од ќерката


Жена на возраст од 69 години вчера во ГОБ „8-ми Септември“ се пожалила дека била физички и психички малтретирана од нејзината ќерка. Од МВР информираат дека вчера во 19:30 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека 69-годишна жена кај нив пријавила дека била физички и психички малтретирана од нејзината […]

Уапсена професорка на универзитетот во Штип – примала поткуп од студент


Лишена од слобода професорка на универзитетот во Штип поради примање поткуп, побарала и примила пари од студент за да положи испит. На 29.06.2026 во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Т.А.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“. Претходно, на 22.06.2026 К.Б.(26) […]

Пожар на дива депонија во Шуто Оризари


Пожар утринава избувна на дива депонија во скопската населба Шуто Оризари, а екипи на Бригадата за противпожарна заштита интервенираат на терен. Од Министерството за внатрешни работи  потврдија дека пријавата за пожарот е примена денеска во 7 часот. „Денеска во 07:00 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје е пријавено дека во населбата Шуто Оризари […]

Пронајдена граната од Прва светска војна кај границата со Грција


Пиротехничарите на Дирекцијата за заштита и спасување предупредуваат дека пронајдената неексплодирана граната, кај границата со Грција, може да има смртоносен радиус до 150 метри и дека е доволен само еден удар за да дојде до нејзино активирање и експлозија. Конкретно, ДЗС информира дека денеска е пронајдена артилериска граната од 75mm од Првата светска војна во […]

Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа во Куманово


Мотоциклист го загуби животот во сообраќајна несреќа што денеска околу 12:46 часот се случи на улицата „Доне Божинов“ во Куманово. Како што соопшти СВР Куманово, во несреќата учествувале патничко моторно возило „сеат“, управувано од А.А. (64) од Куманово, и мотоцикл управуван од Д.С. (49). Од здобиените повреди, мотоциклистот починал на местото на несреќата, а смртта […]

Ја задавил, па лажел дека ја сонува како бара од него да ја најде! Детали за убиството во Таор


Основното јавно обвинителство Скопје синоќа донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. -На 25 јуни, во атарот на селото Летевци, при вршење семејно насилство, тој со умисла ја лишил од живот неговата сопруга. Осомничениот […]

Жената во Таор починала од насилна смрт, потврди Обвинителството


Жената од скопското село Таор, која беше пронајдена мртва, починала од насилна смрт поради што е приведен нејзиниот поранешен сопруг, а задржани се и тројца негови пријатели, соопшти Обвинителството. Оттаму информираат дека ноќеска дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на МВР извршиле увид на тешко пристапна шумска локација во близина на […]

Товарно возило излетало од патот кај Ореовец, загина 58-годишен возач од Битола


Вчера, во 17:50 часот во СВР Битола e пријавено дека на магистралниот пат  Градско- Прилеп, кај с.Ореовец, товарно возило „мерцедес” со приклучно возило, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.А.(58) од Битола, излетало од патот.  Во несреќата починал С.А., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

Гостиварец сакал да си купи возачка дозвола – му зеле 1.200 евра, а возачка не добил


На 26.06.2026 во 10:20 часот во ПС Гостивар, 43- годишен маж од Гостивар пријави кривично дело „измама“. Според пријавеното, пред околу четири месеци, преку негов пријател, тој стапил во контакт со И.Ј. од Скопје. На средба во Скопје, пријавениот му ветил дека ќе му обезбеди возачка дозвола без да полага, барајќи за услугата 1.300 евра […]

Сообраќајка на Плетвар, едно лице загина. Колоната е долга 20 километри


  Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа на Плетвар кога се преврте камион со битолски регистeрски ознаки. Несреќата се случила околу 18 часот на патот Прилеп-Градско кај селото Ореовец. Сообраќајот е во прекин.  Возачи велат дека колоната од возила што чекаат е долга околу 20 километри. Прекинот, како што информира „Македонијапат“, е поради […]

Се преврте приколка од товарно возило на автопатот кон Гевгелија, причинета материјална штета


Се преврте приколка од товарно возило на автопатот кон Гевгелија. Причинета е материјална штета, потврдија денеска за МИА, од Секторот за внатрешни работи – Велес.   – Утрово во осум часот во ОВР – Неготино било пријавено дека на автопатот Демир Капија – Гевгелија, после тунел Т-2, П.З., 58-годишник од Република Србија, управувајќи товарно возило […]

Натепан вработен во спортска обложувалница во Аеродром


Вработен во спортска обложувалница во Аеродром синоќа пријавил физички напад на неговото работно место. Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 23:30 часот во СВР Скопје, Ј.М.(18) од Скопје пријавил дека околу 22:40 часот на неговото работно место во спортска обложувалница на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од А.Љ.. Се преземаат […]

Скопјанец во Крива Паланка се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра


Вчера околу 11:30 часот во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Н.Д.(45) од Скопје поради сомнение дека се обидел да изврши кривично дело измама. Претходно, на повозрасна жена од Крива Паланка едно лице ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар од Италија и ја известил дека нејзината ќерка […]

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец


Деветнаесетгодишниот  Саит Саитов од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница распишана од МВР на 12 јануари, денеска е екстрадиран од Србија во нашата земја, информира Министерството за внатрешни работи.  МВР објави дека на Саитов му е определена мерка притвор и дека е предаден во затворот „Скопје“ за понатамошна постапка. Саитов е осомничен за сторени […]

Кривична за сопственичката на кравите од кривопаланечко, нападнала вработени во АХВ


Младата сопственичка на крави од кривопаланчеко ќе се соочи со кривична пријава. Во мај годинава, таа со тврд предмет, нападнала вработени во АХВ за да ги спречи да го соберат кравите. – СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.Ѓ.(28) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за кривично дело „спречување на службено лице во […]

Полицаец од Прилеп ќе одговара кривично за оддавање службена тајна – споделил искази со адвокат на осомничено лице


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Б.Т., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“. Како што се наведува во полицискиот билтен, пријавениот Б.Т., полициски службеник во Надворешната канцеларија за криминалистички […]

Уапсени 15 возачи за безобѕирно управување возило и малолетници возеле без дозвола


Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 13 управувале возило без возачка дозвола (двајца малолетници), а две лица возеле под дејство на алкохол – соопшти Министерството за внатрешни работи. -Шест лица во Скопје (еден малолетник) управувале возило без возачка […]