Повредена жена во судир на автобус и автомобил во Кисела Вода
Жена која се превезувала со автобус е тешко повредена откако автобусот се судрил со возило на улица во Кисела Вода. Несреќата се случила вчеравечер.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Сличен инцидент се случил и во центарот на Скопје, вчера, 16:20 часот кога во СВР Скопје е пријавено дека во автобус на ЈСП на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, при кочење од страна на возачот, паднала 67-годишната Г.С. од Делчево и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“-Скопје.
Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.