Млад гостиварец не може да се оттараси од поранешната – ја пријавил за закани и навреди
Вчера, 6 во 21:35 часот во ОВР Гостивар, 28-годишник од Гостивар пријави дека околу 21:00 часот на бул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, неговата поранешна девојка В.Н. вербално го нападнала и му упатила закани.
Според пријавеното, таа и претходно во повеќе наврати го вознемирувала и следела.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.