Скопјанка ги пријавила родителите оти не ѝ дозволувале да го напушти домот


Скопјанка на возраст од 54 години  ги пријавила родителите во полиција, бидејќи не и дозволиле да го напушти домот. Од МВР информираат дека вчера во 16:30 часот во СВР Скопје, 54-годишна жена од Скопје пријавила дека на 02.07.2026 на подрачјето на Центар била спречена од нејзините родители да го напушти домот. Се преземаат мерки за […]

Четворица малолетници настрадале во различни сообраќајки и тепачка


Четворица малолетници, вчера, настрадале во различни сообраќајки, а едниот се здобил со повреди во тепачка со друг малолетник, нотира денешниот полициски билтен. Вчера, во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје–Хец Козјак се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.В.(63) од с.Батинци, скопско и […]

Охриѓанец починал откако проголтал паковка со дрога при полициска интервенција


Четириесет и четиригодишен охриѓанец синоќа починал откако проголтал паковка со наркотична материја при полициска проверка на возилото во кое тој бил сопатник, информираат од Секторот за внатрешни работи Охрид. Возачот на автомобилот, кој претходно се обидел да ѝ избега на полицијата, е лишен од слобода. По наредба на јавен обвинител, денеска ќе биде извршена обдукција […]

Лишен од слобода албански државјанин, при претрес на граница пронајдена дрога


На 08.07.2026 во 20:00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Ч.А.(40) од Р.Албанија, затоа што при гранична контрола и претрес на товарно возило „волво“ со албански национални ознаки, кое тој го управувал, во кабината на влекачот, биле пронајдени и одземени 24 пакувања со марихуана.   […]

Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром


Поголема количина разновидна наркотична дрога е пронајдена при претрес во напуштени подрумски простории во зграда на подрачјето на Општина Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираат дека на 8 јули полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно преземени оперативни мерки и активности, извршиле претрес при што биле пронајдени […]

МВР: Кривични пријави за четири деца и петмина родители за случајот со насилството врз малолетничката во Аеродром


Поднесена е кривична пријава против две малолетнички поради основано сомнение за сторено кривично дело насилство, против еден малолетник за кривичните дела поттикнување и неовластено снимање, како и против уште еден малолетник за кривично дело неовластено снимање. Пријави се поднесени и против петмина родители поради сомнение за сторено кривично дело запуштање и малтретирање дете. Од Министерството […]

Почнува судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане


Во Основниот суд во Куманово, во четврток, на 9 јули треба да започне судскиот процес против 25-годишниот Т.Б. од Старо Нагоричане, обвинет за повеќе кривични дела поврзани со убиства и обиди за убиство на жени на подрачјето на Општина Старо Нагоричане, соопшти Јавното обвинителство. Според обвинението на Основното јавно обвинителство Куманово, обвинетиот се товари за […]

Велешанка се обидела да го убие партнерот – уапсена е


Полицијата во Велес уапси 30-годишна велешанка поради „обид за убиство“. – На 06.07.2026 во 19:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода 30-годишната Т.Д. од Велес, затоа што во домот со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 37-годишен партнер. Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес за […]

Во Стара чаршија урнале објект заштитен од државата


Вчера околу 12 часот во СВР Скопје од Конзерваторски центар-Скопје  е пријавено дека на ул.„Лазар Танев“ бил срушен објект во сопственост на Е.Т. (29) од Скопје, кој бил под заштита на државата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Македонска државјанка пронајдена мртва во стан во Солун


Во стан во Солун вчера била пронајдена мртва 24-годишна девојка, македонска државјанка, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, веројатно не станува збор за кривично дело, иако властите ги чекаат официјалните резултати од обдукцијата за да се утврдат причините за смртта. Според државната новинска агенција АНА-МПА, бидејќи членови на семејството на девојката не […]

Уапсени две лица за пожарот во Кисела Вода


Полицијата уапси две лица поради сомнение дека вчера предизвикале пожар во Скопје. Според информациите на МВР, вчера во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А.(34) и И.Х.(39), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тие се […]

Американец со параглајдер падна во близина на Битола – со повредни пренесен во болница


 Американски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при слетување со параглајдер во близина на индустриската зона Жабени, во атарот на битолското село Породин. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен вчера во 15:52 часот во СВР Битола, дека при слетувањето со параглајдер во близина на индустриската зона Жабени, Ф.Б. (59) од […]

Уапсен 16-годишник од Тетово: Ограбувал цркви и џамии


Уапсен е малолетник кој извршил неколку кражби во верски објекти во Тетовско и околинаѕа.  – Вчера во 13:20 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово, поради сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „тешки кражба“ во текот на минатиот месец во црквата во село Брвеница […]

Девет лица пијани возеле чамци и глисери на Охридско Езеро


Вчера полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во содејство со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад и инспектори од Капетанија на пристаништа Охрид, реализираа координирани акциски контроли кон пловните објекти во водите на Охридското Езеро. Од МВР информираат дека мерките биле преземени согласно одредбите од Законот за внатрешна […]

Тетовец со закани барал од двајца браќа 100.000 евра, потоа ги нападнал со нож


Двајца браќа од тетовското село Пршовце биле повредени по напад со нож, откако претходно добиле закани и барање да исплатат 100.000 евра. Како што информираат од МВР, синоќа во 23:35 часот во СВР Тетово, С.А. (41) и неговиот брат А.С. (42) пријавиле дека околу 21:00 часот, додека С.А. престојувал во угостителски објект, телефонски му се […]

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, Обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација


Со изведување на материјални докази од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.   Обвинителството, како што е најавено, треба да презентира листинзи од телефонска комуникација, со што од материјалните докази предложени од обвинителството ќе остане […]

Девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, пет лица лишени од слобода, со тројца извршен службен разговор


Во текот на изминатото деноноќие полицијата лиши од слобда пет лица и со тројца извршен службен разговор во вкупно девет пријави за семејно насилство во Скопје, Куманово, Тетово, Велес и Штип информираат од Министерството за внатрешни работи.  Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 22:40 часот го лишија од слобода Ф.С. (32) од Куманово, по […]

Возач на минибус возел во спротивна насока на автопат во Украина. Загинаа 12 лица


  Возачот на минибус што патувал од Одеса до Mиколаев во Украина ја изгубил контролата врз возилото, предизвикувајќи судир со камион и убивање на 12 лица, според полициските извештаи од 4 јули. Несреќата се случила на автопатот М-14, во близина на брегот на Црното Море на Украина, а шест други биле повредени во времето на […]

Пријавени два нови случаи на врсничко насилство во Карпош и во Центар


Два одделни случаи на физички напади врз малолетници се пријавени во СВР Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. Во првиот случај, вчера во 11:30 часот, 38-годишна жена пријавила дека на 21 јуни, околу 21 часот, на подрачјето на Карпош нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Според пријавеното, тој познавал двајца од напаѓачите. […]

Гостиварец им влегол со возило во двор, па ја нападнал сопругата


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ќ. Х. (49) поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. Пријавениот на 30.06.2026 во домот на родителите на неговата сопруга во Гостивар ја оштетил влезната порта со возило, удрил во паркирано возило и оштетил прозорец од […]