Хрватски државјанин тешко повреден откако со возило излетал од патот кај Дебарца
Хрватски државјанин се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на локален пат во село Мешеишта, општина Дебарца.
Од СВР Охрид информираат дека вчера во 12:00 часот било пријавено дека патничко возило „Линк енд Ко“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б. (45) од Република Хрватска, излетало од патот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Охрид.