Петмина уапсени на концертот на Дејвид Гета
Пет лица биле приведени за време на вчерашниот концерт на Дејвид Гета на Арената „Тоше Проески“ во Скопје.
Според информациите од МВР, регистрирани биле само две нарушувања на јавниот ред и мир при што полициските службеници привеле вкупно петмина.
Протокот на посетители пред и по завршувањето на концертот се одвивал без поголеми застои.