Демнење, заканувачки пораки и тепачки во семејства нив цела Македонија
Полицискиот билтен и денеска изобилува со пријави за семејно насилство, тепачки, демнење, заканувачки пораки и искористување деца.
На 10.09.2026 во 00:55 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.С.(48) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода физички ја нападнал неговата 46-годишна поранешна партнерка. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 10.09.2026 во 00:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Р.Р.(29) и 57-годишната Р.Р., двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на подрачјето на Центар физички ја нападнале 23-годишната невенчана сопруга на Р.Р.(29). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.И.(43), Ф.И.(25), Ш.И.(38), Б.И.(28) и А.И.(51), сите од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 25.06.2026 во дворот на семејна куќа во Тетово, каде што живеат пријавените, по претходна расправија помеѓу двајца од пријавените, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(66) од с.Мала Речица, тетовско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Во 2025 пријавениот следел женско лице од Тетово и телефонски и упатувал закани.
ОВР Берово поднесе кривична пријава против Ѕ.Г.(57) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 11.08.2026 пријавениот во с. Смојмирово, беровско, физички ја нападнал поранешната сопруга.
На 09.09.2026 во 19:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со 50-годишен маж од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 38-годишна сопруга, со која се во бракоразводна постапка. Исто така, и 50-годишникот пријавил дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговата 38-годишна сопруга, која фрлала разни предмети кон него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.09.2026 во 21:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека на плажа на струшкото крајбрежје, албанскиот државјанин С.Г. физички ја нападнал неговата 37 – годишна партнерка од Струга. По целосно расветлување и документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.09.2026 во 15:40 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Т.В.(57) од Прилеп, затоа што физички нападнал полициски службеници додека извршувале службени дејствија и постапувале по пријава дека претходно се заканувал на неговата сопруга. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ж.П.(77) од делчевско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „загрозување на сигурноста“. На 21.07.2026 во селото, пријавениот упатил закани кон неговата снаа за брат.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.А.(37) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 14.05.2026, пријавениот преку мобилна апликација испратил пораки со заканувачка содржина на својата сопруга, со која е во бракоразводна постапка.
На 09.09.2026 во СВР Скопје, 45-годишна жена пријави дека нејзината малолетна ќерка била вознемирувана и допирана по телото од М.Г.(63), пријател на нејзиниот сопруг Б.М.(46), кој е очув на нејзината ќерка. Истиот ден, 45-годишната жена пријавила и дека на 05.09.2026 во домот била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.М.(46). Се преземаат мерки за расчистување на случаите, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.