Пријавени четири жени кои си ги натепале мажите во Центар, Велес и во Берово
Жени што си ги тепале мажите, татко што натепал малолетен син, брат натепал брат…
На 10.09.2026 во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода 54-годишната К.Т. и Д.С.(51), двајцата од Велес. Претходно, 56-годишен велешанец пријавил дека во домот, неговата сопруга К.Т. физички го нападнала. Исто така, тој пријавил дека на 02.09.2026, сопругот на неговата вонбрачна партнерка Д.С., телефонски му се заканувал. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по целосно расчистување и документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 10.09.2026 во 08:30 часот во ОВР Берово, 45-годишен маж од беровско пријави дека на 06.09.2026 околу 19:00 часот, по претходна расправија во семејниот дом, тој и малолетниот син биле физички нападнати од неговата 34-годишна сопруга од беровско. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 11.09.2026 во 01:30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Т.(39) од Прилеп, бидејќи физички го нападнал неговиот син и му нанел повреди. По целосно расчистување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 10.09.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж пријави дека на 06.09.2026 во домот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата сопруга А.Б.(37). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.А.(28) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 30.08.2026 во семејниот дом, пријавениот физички го нападнал својот брат.