Повеќе од 20 дуќани изгореле во пожарот во Шуто Оризари
Пожарот кој синоќа избувнал во Шуто Оризари, зафаќајќи неколку дуќани сместени во монтажен објект, бил затрашувачки, но пожарникарите успеале навреме да го локализираат, односно пред да се рашири на околните објекти.
Во огнетата стихија која избувнала нешто по 3 часот по полноќ, опожарени се над 20 дуќани, сите во сопственост на едно лице.
„Денеска (11.09.2026) околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето Шуто Оризари опожарени биле над 20 дуќани со текстилна и друга роба сопственост на С.С. кои ги има дадено под закупнина. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема“, велат од МВР.
Засега нема информации околу можните причини за пожарот, односно што го предизвикало огнот.
Од ЦУК информираа дека биле успратени 15 пожарникари и шест противпожарни возила кои го гаселе пожарот од 03:30 до 06:45 часот.
Пожарот кој синоќа избувнал во Шуто Оризари, зафатил неколку дуќани сместени во монтажен објект. Огнот бил затрашувачки, но пожарникарите успеале навреме да го локализираат, односно пред да се рашири на околните објекти.