Пехчево: Маж седел со друга жена, дошла неговата сопруга и ѝ се нафрлила – потоа тој ја натепал сопругата


Вчера во 18:40 часот во ОВР Пехчево, 68-годишна жена од Пехчево пријавила дека вчера ноќта во временски период од 00:23 до 01:00 часот во нејзиниот дом, додека седела со 43-годишен маж од Пехчево и разговарале, дошла неговата сопруга, агресивно се однесувала и физички ја нападнала.

Како што се наведува во полицискиот билтен, подоцна, 43-годишниот маж, физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга, за кое подоцна и 37-годишаната жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот маж.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.