Голема акција на полицијата: Преку измами со регистрација на возила направена штета од 2 милиони евра
Доцна синоќа во Скопје припадници на Одделот за субивање на организоран и сериозен криминал при БЈБ – МВР спровеле акција и уапсиле лица и извршиле претреси на повеќе локации во рамки на истрага за сериозен финансиски криминал.
Станува збор за случај во кој се сомничи дека преку лажирање на извештаи и уплатници при наплата на надоместоци за регистрација на возила биле прикривани и пренасочувани средства.
Меѓу осомничените има и вработени во државни институции и претпријатија, од кои едно лице е вработено во Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), а според информациите штетата се проценувала на над 13 милиони денари, нешто повеќе од 2 милиони евра.