РЕС го презеде снабдувањето со електрична енергија на 250 компании за само 10 месеци постоење


  Македонскиот снабдувач со електрична енергија РЕС (Reneweble Energy Supply), заклучно со 1 февруари, снабдува 250 компании со електрична енергија обезбедувајќи им најповолни услови, односно најниски цени со најквалитетна испорака и пакети според потребите на клиентите. Од февруари 2023 година уште 15 нови реномирани фирми донесоа одлука да се снабдуваат преку РЕС, искористувајќи ја можноста […]

Почнаа да паѓаат цените на половните автомобили


  Повеќе од две години дилерите на половни автомобили ги триеја рацете од среќа, а сега ситуацијата се менува. Вакви се најавите од најважниот светски пазар, САД, кој сепак диктира трендови во речиси се. Со пандемијата на коронавирус, понудата на нови возила се намали поради проблеми со снабдувањето со чипови, па половните возила почнаа да […]

ФЕД повторно ги зголеми каматните стапки, најавува натамошен раст


  Банката на федерални резерви на САД (ФЕД) ги зголеми краткорочните каматни стапки за четвртина процентен поен во средата, носејќи ја својата референтна стапка на нов опсег од 4,50 отсто и 4,75 отсто, највисоко ниво од октомври 2007 година. Во своето соопштение во средата, централната банка на САД го призна забавувањето на инфлацијата додека продолжува […]

Кралот Чарлс III нема да биде на банкнотите на австралискиот долар


  Кралот Чарлс III нема да биде на новата банкнота од пет долари во Австралија, објави централната банка на земјата. Новиот дизајн ќе им оддаде чест на „кутурата и историјата на првите Австралијци“, соопштено е од Reserve Bank Australia (RBA). Портретот на покојната кралица Елизабета II се појавува на дизајнот на банкнотата од пет долари […]

„Мета“ објави одлични резултати, акциите „полетаа“


  „Мета“ ги објави резултатите за заработката во последниот квартал минатата година по затворањето на вчерашното тргување. Компанијата – мајка на „Фејсбук“ ги надмина очекувањата за клучните приходи во услови на силен пазар за рекламирање. Еве какви се клучните бројки во споредба со проценките на аналитичарите составени од Блумберг: Приходи од четвртиот квартал – 32,17 […]

Владата го утврди текстот на Предлог – законот за данок на солидарност


Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за данок на солидарност. Придонесот за солидарност, според посоченото од Министерството за финансии, треба да дејствува како редистрибутивна мерка за да се осигура дека предметните компании кои оствариле вишок профит поради неочекувани околности, пропорционално придонесуваат за ублажување на енергетската криза на внатрешниот пазар. -Со цел да се […]

Утврдени законски измени за бришење на одредбата за 30-процентно зголемување на платите во Министерството за финансии


Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлогот на Законот за изменување на Законот за буџети. -Предложените законски измени се во насока на бришење на одредбата за зголемување на платите на вработените во Министерството за финансии за 30 проценти поради, како што е објаснето од страна на Министерството за финансии, неколку причини: неможност од […]

Владата го прифати текстот на Програмата на економски реформи 2023 – 2025


Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за Програмата на економски реформи 2023 – 2025 година и го разгледа и прифати текстот на Програмата. Како што соопшти владината прес-служба, и овој документ, според соопштеното од страна на Министерството за финансии, е изработен согласно насоките дадени од страна на ЕК, каде освен среднорочна макроекономска и фискална […]

Нови 53 милиони евра од ЕУ за инвестиции во енергетиката и животната средина


  Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил објави дека од страна на Европската комисија на Северна Македонија и се одобрени уште три проекти, преку повикот за инвестициски грантови во вредност од 53,015,968 евра. – Денес добив одлична вест од Брисел која веднаш ја споделувам со вас, граѓаните. […]

„Макпетрол“: цената на природниот гас за февруари ќе биде за 40 отсто пониска


  Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец февруари ќе се намали за 40% за мегават час, во однос на цената за месец јануари оваа […]

Министерот Бесими ги повлекол решенијата за повисоки плати, протест на дел од вработените во МФ


Министерот за финансии ги повлекол решенијата за зголемување на платите во Министерството за финансии по што група незадоволни вработени во Министерството излегле на протест, соопштија од Синдикатот на УПОЗ на нивната Фејсбук страница. Од Министерството за финансии не потврдуваат дека имало протест, но во соопштение до медиумите се посочува дека прашањето на платите сепак ќе […]

Европа може да очекува нормализирање на цените на гасот дури во 2025 година


Цените на природниот гас во Европа треба да се нормализираат дури во 2025 година со употреба на течен природен гас (ЛНГ) и зајакнување на заедничката инфраструктура. Според извештајот на агенцијата „Фич“ насловен „Најлошата гасна криза во Европа заврши“, обезбедувањето на течен природен гас и зајакнувањето на инфраструктурата се издвојуваат како клучни фактори за долгорочното снабдување […]

Од полноќ големо поевтинување на дизелот


Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), донесе одлука за нови цени на горивата од вечерва на полноќ. – Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.01.2023 година и со тоа […]

Празници и неработни денови: Кој во регионот најмногу одмара?


Кој на Балканот најмногу работи, а кој најмногу одмара? Ова прашање неретко е предмет на дискусија во земјите од регионот, во кои се одбележуваат бројни верски, државни и традиционални празници.ТРТ Балкан истражи колку неработни денови има секоја од земјите од Западен Балкан и каде граѓаните најмногу одмараат, а каде најмалку во текот на календарската година. […]

„Фајзер“ лани, од вакцини, заработи 57 милијарди долари


  Американскиот фармацевстски џин „Фајзер“ соопшти дека 2022 година ја заклучил со највисок приход откако е основан благодарение на вакцините и лековите за корона висруот, предупредувајќи воедно дека се очекува послаб резултат оваа година поради попуштање на заразата и залихите. Приходот на „Фајзер“ лани порасна за 23 отсто, на 100,3 милијарди долари. Кога ќе се […]

Ништо ново на листата на милијардери на „Блумберг“


САД – На најновата листа на милијардери на Блумберг објавена денеска, ситуацијата меѓу петте најбогати луѓе во светот не е променета – прв и понатаму е Французинот Бернар Арно, сопственик на бројни познати брендови, меѓу кои и „Луј Витон“, и неговото богатство се проценува на 191 милијарда долари. Вториот е сопственикот на Твитер и „Тесла“ […]

Бесими: Данокот на солидарност значи одговорно справување со кризата денес


    Данокот на солидарност, кој е замислен како еднократен данок и се однесува само на најголемите компании, има пред се солидарен ефект и треба да ја покаже општествената одговорност на сите нас, и на тие што сме во политиката, и на бизнис заедницата. Одговорност да се справиме со кризата ние сега, а не да […]

Почнува нова „трка на субвенции“: ЕК подготвува одговор на американскиот закон за намалување на инфлацијата


Објавен е нацрт-документ што Европската комисија ќе го претстави утре, откривајќи ги мерките што ЕУ планира да ги искористи за да се спротивстави на американскиот закон за зелени субвенции. Во нацрт-документот, за кој известува Еурактив, се наведени мерките што Европската комисија треба да ги предложи утре како реакција на американскиот закон за намалување на инфлацијата […]

Централните банки лани купија 1.136 тони злато, најмногу од 1967 година


  Централните банки додадоа огромни 1.136 тони злато во вредност од околу 70 милијарди долари на своите залихи во 2022 година, што е досега најмногу од 1967 година, објави во вторникот Светскиот совет за злато (WGC). Податоците ја нагласуваат промената во ставовите кон златото од 1990-тите и 2000-тите, кога централните банки, особено оние во Западна […]

„Реплек АД“ со раст од 9 отсто на приходите остварени на странските пазари


  Стратегијата за зајакнување на позициите на „Реплек АД“ на странските и домашниот пазар дава резултати. Приходите од продажба минатата година пораснаа за 7 отсто во однос на 2021 година. Најголем раст на приходите „Реплек АД“ оствари на странските пазари, каде што растот изнесува 9 отсто. На домашниот пазар растот на приходите е зголемен за […]