ЦЕФТА од денеска почнува да применува пофлексибилни и модерни правила за потеклото на стоките


    Членките на ЦЕФТА од денеска започнуваат со примена на преодните правила за преференцијално потекло на стоките, заедно со правилата на Пан-евро-медитеранската (ПЕМ) конвенција со цел подобрување на извозната конкурентност. -Додека се чека на ревизијата на ПЕМ конвенцијата, повеќето договорни страни, вклучително и ЦЕФТА страните, ЕУ и ЕФТА, одлучија да им дозволат на компаниите […]

Анѓушев: Да се градат електрани од различни обновливи извори, а решение за вишоците струја се Чебрен, батерии и водород


Заинтересираните за изградба на електрани од обновливи извори треба да инвестираат во различни извори, а не само во фотоволтаици, порача претседателот на Македонската енергетска асоцијација, Кочо Анѓушев, на дебатата за енергетика што се одржа за време на годишната конференцијата во организација на Владата на Република Северна Македонија. ,,Треба да се водиме според ,,Стратегијата за енергетика […]

Волстрит: Индексите пораснаа, најдобро јануарско остварување на Насдак од 2001 година


  Индексите на берзите во САД пораснаа во вторникот, бидејќи силните податоци за заработката и охрабрувачките податоци за инфлацијата го поттурнаа индексот СиП 500 (S&P 500) на неговиот најдобар јануари од 2019 година. „Дау Џонс индастријал авериџ“ (Dow Jones Industrial Average) порасна за 368,95 поени или 1,09 отсто, на 34.086,04 поени. S&P 500 зајакна 1,46 […]

„Њујорк тајмс“: Руската надворешна трговија се врати на нивото од пред војната, санкциите неефикасни


Руската надворешна трговија се врати на нивото на кое беше пред почетокот на војната во Украина, а санкциите кои Западот ги воведе кон Москва не го постигнаа посакуваниот ефект, пишува „Њујорк Тајмс“. Според американскиот дневен весник, компаниите на многу западни земји не ги прекинале целосно трговските врски со Русија. Како што посочуваат, неодамнешното истражување на […]

Кина, Турција и ОАЕ се приклучија на санкциите против руските банки


  Земјите кои Русија ги смета за „пријателски“, спротивно на очекувањата, целосно се приклучија на западните санкции против руските банки. Ова на конференцијата на рускиот весник „Комерсант“ во вторникот го соопшти потпретседателот на Росбанк, Александар Рахманин. Според него, „колегите“ од Кина, Турција, Обединетите Арапски Емирати, па дури и постсоветските републики, вклучувајќи ги Казахстан, Узбекистан, Киргистан […]

Лукаревска: Воведуваме „е-фактура“ во борбата против сивата економија


Во поглед на сивата економија имаме предизвици, што значи дека ќе имаме и нови проекти во оваа насока, рече директорката на УЈП Сања Лукаревска за време на годишната конференција „Година на нови можности“. -Еден од најголемите проекти е „е-фактура“, што е ризик фактор кај најголемите даночни обврзинии. Тоа ќе значи намалување на фиктивните фактури и […]

Дебата „Способностите на младите луѓе и потребите на пазарот: Какви вештини се неопходни“


  „Способностите на младите луѓе и потребите на пазарот: Какви вештини се неопходни“ беше тема на дебатата што се одржа денеска во просториите на „Europe House“ во Скопје, како прва од дискусиите во рамките на Европската година на вештините. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во своето излагање денеска најави дека 2023 ќе […]

Дали се потребни даночни реформи: Еве што вели академик Беџети


  Само три-четири даночни усогласувања значително ќе се подобри приходната страна на Буџетот, смета академик Абдулменаф Беџети. Притоа, тој мисли на воведување даночна прогресија кај данокот на личен доход и кај корпоративниот данок, односно данокот на добивка, но и проширување на даночната основа, намалување на исклучоците и воведување таканаречени зелени даноци. Само воведувањето на мала […]

Македонската компанија BtoBet на чекор да го освои пазарот во Северна Америка


  Една од водечките IT компании во светската iGaming индустрија, македонскиот BtoBet, се стекна со регулаторна дозвола која ќе ѝ овозможи да почне да ги обезбедува своите услуги и водечка технологија на пазарот во Северна Америка, соопшти компанијата. Според Тсахи Маимон, претседател на групацијата NeoGames од која BtoBet е дел, ова е важна пресвртница за […]

Индустриското производство намалено за 0,3 отсто


  Индустриското производство во периодот јануари – декември 2022 година во однос на периодот јануари – декември 2021 година е намален за 0,3 отсто, додека во декември 2022 година во споредба со декември 2021 година бележи пад од 1,3 проценти. Според Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во […]

„Ер Србија“ ќе ја обнови авиолинијата Белград – Охрид од јуни


Српскиот национален авиопревозник „Ер Србија“ од јуни годинава ќе ги обнови летовите меѓу Белград и Охрид, известува ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, по најавата на авиокомпанијата за повторното воведување на оваа авио-конекција. Охрид ќе биде воздушно поврзан со Белград четири пати во неделата, односно секој понеделник, […]

Во декември зголемена просечната каматна стапка на кредитите во корпоративниот сектор


Просечната каматна стапка на вкупните кредити лани во декември изнесува 4,44 отсто и  оствари месечно зголемување од 0,03 процентни поени (п.п) и годишно од 0,07 п.п.. При тоа просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,86 отсто и бележи раст на месечна основа од 0,09 п.п. и на годишна од 0,12 п.п., информира Народната банка […]

Саем за мебел од 29 март до 2 април во комплексот „Борис Трајковски“


Под мотото „Разбуди ја естетиката во себе“, од 29 март до 2 април во комплексот „Борис Трајковски“ ќе се одржи Саемот за мебел. Саемот ќе го користи целокупниот внатрешен затворен капацитет, како и монтажни објекти кои ги задоволуваат критериумите на саемско претставување. Просторот ќе биде соодветно адаптиран по највисоки стандарди. Саемското претставување ќе трае 5 […]

ММФ ги зголеми изгледите за глобалниот раст за годинава


  Меѓународниот монетарен фонд денеска малку ги зголеми изгледите за глобалниот раст во 2023 поради „изненадувачките отпорни“ побарувања во САД и Европа, пониските трошоци за енергија и повторното отворање на кинеската економија откако Пекинг ги ублажи строгите ограничувања за Ковид-19. ММФ соопшти дека глобалниот раст сепак ќе падне на 2,9 отсто годинава од 3,4 отсто […]

Втор ден конференција „Година на нови можности“


  Годишната конференција „Година на нови можности“ што ја организира Владата продолжува денеска со панел дискусија на тема „Северна Македонија како зелен енергетски хаб – како да се претвори кризата во можност“. На овој, прв панел, обраќања ќе имаат премиерот Димитар Ковачевски, како и министерот за економија Крешник Бектеши. На вториот панел со наслов „Надворешна, […]

Руте: Франција и Холандија се договорија за начините како ЕУ да се спротивстави на американскиот закон за намалување на инфлацијата


  Франција и Холандија се на иста позиција кога станува збор за начините за дејствување на Европската унија во случај на несакани последици од Законот за намалување на инфлацијата, кој стапи на сила во САД, изјави премиерот на Холандија, Марк Руте, по средбата со претседателот на Франција, Емануел Макрон. „Се договоривме прво внимателно да испитаме […]

Фити: Да се затегне монетарната политика, а Буџетот да биде строго таргетиран


  Трошењето на буџетските средства да биде строго таргетирано, максимално да се поддржат фирмите кои имаат потреба, посебно иновативните и само ранливите категории граѓани, не сите, а монетарната политика да се затегне, да пораснат каматните стапки, но да не се претера со зголемување на основната, референтна каматна стапка зашто тоа ќе има повратен ефект врз […]

Азески: Задоволни сме од формалната, но не и од суштинската соработка со Владата


Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески денеска, преку видео обраќање на владината конференција „Година на нови можности“, порача дека бизнисот е задоволен од формалната, но не и од суштинската соработка со Владата. Азески уште еднаш кажа дека за развој на државата комуникацијата меѓу приватниот сектор и институциите е клучна. Време е, потенцира Азески, да престане […]

Битиќи: Без структурни и системски промени нема отворање пат за одржлив раст и развој


  Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска од владината конференција „Година на нови можности“ порача дека без структурни и системски промени нема отворање пат за одржлив раст и развој. Битиќи се осврна на мерките и политиките што ги презема Владата  во период кога сме исправени, како што истакна, со сериозна криза. Тој во своето […]

Горивата поскапуваат од половина до еден денар за литар


  Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар за литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,5 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 […]