Ништо ново на листата на милијардери на „Блумберг“


САД – На најновата листа на милијардери на Блумберг објавена денеска, ситуацијата меѓу петте најбогати луѓе во светот не е променета – прв и понатаму е Французинот Бернар Арно, сопственик на бројни познати брендови, меѓу кои и „Луј Витон“, и неговото богатство се проценува на 191 милијарда долари.

Вториот е сопственикот на Твитер и „Тесла“ Илон Маск со 164 милијарди долари. Трет е Американецот Џеф Безос со 126 милијарди долари, најпознат по сопственоста на „Амазон“ и „Вашингтон пост“, потоа основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс со 112 милијарди и петти е Ворен Бафет, американскиот  магнат, со 109 милијарди.
Сите тие забележаа пораст на богатството во однос на претходниот дел, а најмногу заработи Маск, кој од почетокот на 2023 година е побогат за четири милијарди долари.

Основачот на Фејсбук Марк Закерберг има 55 милијарди и е на 21 место со 55 милијарди долари. И покрај санкциите, на листата се најдоа и руски милијардери, чие богатство се зголемило за 16,1 милијарди долари во однос на 1 јануари, а најбогат Русин е Владимир Потанин, чие богатство се проценува на 30 милијарди долари.