Утврдени законски измени за бришење на одредбата за 30-процентно зголемување на платите во Министерството за финансии

Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлогот на Законот за изменување на Законот за буџети


Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлогот на Законот за изменување на Законот за буџети.

-Предложените законски измени се во насока на бришење на одредбата за зголемување на платите на вработените во Министерството за финансии за 30 проценти поради, како што е објаснето од страна на Министерството за финансии, неколку причини: неможност од утврдување на специфичноста на работните задачи и посебната одговорност која произлегува од работното место со цел допрецизирање на законот за буџети и имајќи предвид дека Законот за системот на плати во јавниот сектор е во постапка на донесување, информираат од владината прес служба.