На Скопскиот аеродром се отвора прајмклас бизнис-салон


На Меѓународниот аеродром Скопје денеска свечено ќе биде отворен primeclass бизнис-салонот. Станува збор за простор со луксузен ентериер со исклучителен избор на храна и пијалаци во кој патниците ќе може да се одморат пред или по завршувањето на летот.

Меѓународен конгрес и конференција за одржлив развој „TSD 2023“


Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска ќе го одржува 7.Конгрес и Меѓународна конференција за одржлив развој „TSD 2023“. Како што најавуваат организаторите на Конференцијата ќе учествуваат ректорот на УМТ, проф. д-р. Изет Зеќири, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Фестим Халили, како и голем број преставниции […]

Стопанската комора ќе ја подигнува конкурентноста на работната сила


Во Стопанска комора денеска ќе се одржи прес-конференција на тема „ЕУ интегративниот процес и системскиот пристап за подигнување на конкурентноста на работната сила во рамки на Европската година на вештини“. Настанот е дел од циклусот прес-конференции на Комората поврзани со ЕУ интеграциите и подигнувањето на конкурентност ана работната силеа во земјава.

Јавниот долг намален на ниво пред пандемијата


Јавниот долг на Македонија се намалува. Последните објавени податоци од страна на Министерството за финансии, а коишто се однесуваат на третиот квартал од 2023 година, покажуваат намалување за 2,1 проценти во однос на претходниот квартал и 3,9% споредено со крајот на 2022 година. Како што информираат од ресорното министерство со регистрирано ниво од 55,8% од […]

Сивата економија годишно ја чини државата колку Коридорот 8


Сивата економија годишно ја чини државата колку автопатските делници на Коридорот 8 или на Коридорот 10-д, четири клинички центри, или реизградба на сите училишни згради во земјава. Доколку целиот формален сектор се формализира нема да има потреба од задолжување за финансирање на буџетот. Оттаму, Владата стратегиски пристапува кон решавањето на овој горлив проблем преку петгодишната […]

Анѓушев на меѓународна техничка конференција во Милано


На покана на италијанската амбасада во Скопје, сопственикот и главен извршен директор на БРАКО и ФЕРО ИНВЕСТ, Кочо Анѓушев, како посебен гостин учествуваше на меѓународната техничка конференција “WIRE&CABLE” во Милано, посветена на најновите светски текови во жичаната индустрија во делот на истражувањето, инженерството и производството на жица. На настанот беа презентирани најсовремените технички решенија за обработката на […]

Бектеши: Немаме интерес да го приватизираме МЕПСО, ниту дел од МЕПСО


Никакви разговори не се водени за продажба на МЕПСО на грчката компанија ИПТО, ниту има понуда од грчката компанија до Министерството за економија. Немаме ни интерес да го приватизираме МЕПСО, ни дел од МЕПСО, тврди министерот за економија Крешник Бектеши. – Во Министерството за економија сигурен сум дека нема понуди од страна на грчката компанија. […]

Германија е богата, но сиромаштијата расте


Сиромашните во Германија често мора да се откажат од работите за секојдневниот живот. Некои не можат да си дозволат нова облека или правилно да се загреат, покажува студијата на Институтот за економски и социјални науки (WSI) на фондацијата Ханс-Беклер, која е блиска до синдикатите. За овогодинешниот извештај, институтот користел податоци од 2021 година. Во Германија, […]

„Амазон“ заработил милијарда долари преку таен алгоритам


„Амазон“ користел различни незаконски стратегии за да го зголеми профитот во својата онлајн малопродажна империја, вклучително и алгоритам кој ги зголемил цените што ги плаќаат американските домаќинства и извлекол повеќе пари од независните трговци на мало, зголемувајќи ги приходите за повеќе од 1 милијарда долари, соопшти американската Федерална трговска комисија. ФТЦ во нова судска пријава. […]

Преку „Зелениот финансиски инструмент” 46 милиони евра за бизнисот и граѓаните – ќе може да купат инвертери, клима уреди, фотоволатици


Средните и малите компании, како и граѓаните од ранливите категории преку комерцијалните банки ќе имаат пристап до кредити со грантова компонента со кои ќе можат да инвестираат во топлински пумпи, инвертери, клима уреди, котли, сончеви колектори за топла вода, фотоволатици,… За олеснување на процесот и осигурување дека правилно ќе ги користат средствата, на располагање ќе […]

Ако Законот за солидарен данок „падне“ на Уставен суд, средствата на компаниите ќе им се враќаат од буџетот за 2024 година


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска, одговорајќи на новинарски прашање, рече дека ако Законот за солидарен данок „падне“ на Уставен суд, средствата на компаниите ќе им се враќаат од буџетот наредната година. Битиќи не верува дека Законот ќе биде оспорен од Судот. -Кажав дека до овој момент има законска обврска за плаќање на солидарниот […]

Им било премногу бучно, Холандија крати 10.000 летови на аеродромот во Амстердам


Холандските власти  ќе го намалат бројот на летови на аеродромот Схипол во Амстердам во обид да го намалат звучното загадување – чекор што ги натера авиокомпаниите да тужат и да го повикаат Вашингтон да се одмазди.Петтиот по големина аеродром во Европа ќе дозволи околу 9.100 летови помалку во распоредот наредното лето, со надеж дека на […]

Владата разговара со американски гигант за трансформација на РЕК Битола во електрана на природен гас


Природниот гас во целиот свет се смета за транзициско гориво кон целосно обновливи извори на енергија (ОИЕ), а токму поради тоа АД ЕСМ и Владата имаат контакти на високо ниво со еден од најголемите американски гиганти во делот на производство и инсталирање на постројки за производство на електрична енергија од гас за трансформација на РЕК […]

Македонија не е сопственик на дел од Гасниот терминал во Александрополис, но сака да биде


Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека нашата земја има закупено капацитет во Гасниот терминал во Александрополис и дека земјава не е сопственик на дел од терминалот. „Изразивме подготвеност да бидеме дел од Гасниот терминал преку кој ќе биде транспортиран ЛНГ гас од САД и од други земји кои се наши партнери. За таа цел со […]

Маск: Вештачката интелигенција може да ги остави сите луѓе без работа


Вештачката интелигенција (ВИ) може да ги остави без работа сите луѓе, изјави претприемачот и најбогатиот човек на светот Илон Маск на настан во официјалното седиште на британската Влада, Ланкастер Хаус, во Лондон. „Тешко е да се каже точно кога, но ќе дојде момент кога работата нема да биде потребна. Можете да работите поради лично задоволство, […]

Владата сѐ уште не добила одговор од Европската комисија за бугарската такса на рускиот гас


Владата се уште нема добиено одговор по испратениот допис до Европската комисија за таксата што ја наметнува Бугарија за рускиот гас. Според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, се уште не е јасно дали „Гаспром“ ќе ја прифати таксата, но земјава е подготвена за тоа ако биде директно погодена. – Европската комисија го усвои барањето […]

МЕПСО не се продава, ниту се разговара за тоа, велат Ковачевски и Битиќи


Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот Фатмир Битиќи денеска во одвоени изјави демантираа дека се водат разговори за продажба на електроенергетскиот преносен систем МЕПСО, како и дека има предлог од грчкиот електропреносен систем оператор за влез во оваа домашна компанија во државна сопственост. Премиерот ги нарече „лажни“ вестите за продажба на државната компанија МЕПСО, како и […]

Ковачевски: По 40-годишни очекувања, Битола добива парно греење


   Премиерот Димитар Ковачевски присуствуваше и се обрати на настан со којшто се одбележани завршувањето на градежните работи на топловодот од РЕК Битола до Битола и почетокот на активностите за изградба на топловодната мрежа во Битола. „Овој капитален проект станува реалност по 40 години, посакуван откако е изграден РЕК Битола“, посочи премиерот Ковачевски. Овој проект, […]

Банките се обврзани да ги информираат граѓаните за надоместоците за платежните услуги  


Преку информативен документ за надоместоците за платежни услуги, со податоци во стандардизирана форма, банките и штедилниците, односно сите даватели на платежните услуги, се должни да ги информираат граѓаните за трошоците коишто им ги наплаќаат. Ова е пропишано со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, како и со подзаконските акти, со кои значително се […]

Царината спречи криумчарење брендирана облека и обувки вредни 1,6 милиони денари


Спречен е обид за криумчарење брендирана облека и обувки вредни 1,6 милиони денари од познати модни марки меѓу кои „Долче и Габана“, „Версаче“ „Мајкл Корс“ „Ралф Лoрен“ и „Најк“, во два посебни случаи на контроли на влез во државата на граничниот премин Табановце. Како што денеска соопштија од Царинската управа, брендираната роба за која требало […]