Меѓународен конгрес и конференција за одржлив развој „TSD 2023“


Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска ќе го одржува 7.Конгрес и Меѓународна конференција за одржлив развој „TSD 2023“.

Како што најавуваат организаторите на Конференцијата ќе учествуваат ректорот на УМТ, проф. д-р. Изет Зеќири, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Фестим Халили, како и голем број преставниции на институции, научни истражувачи од земјата и странство.