Состојбата со сипаниците кај овците е алармантна, одгледувачите бараат итна вакцинација и повисоко обесштетување


Алармантна е состојбата со сипаниците кај малите преживари. Досега се угинати 7.000 до 10.000 овци, уништени се 40 – 50 стада, финансиските загуби се големи, секој ден има појава на нови жаришта, а некои сточари ги носат грлата на добиточните пазари без да знаат дали се заболени, што е дополнителен ризик. Бараме од државата побрзо […]

„Астра Зенека“ го прекинува клиничкото испитување на лек за рак на белите дробови


Шведско-британскиот фармацевтски гигант „Астра Зенека“ соопшти за нов неуспех прекинувајќи го клиничкото испитување во доцна фаза на лекот за рак на белите дробови „волрустомиг“ нешто повеќе од еден месец по прекинувањето друго испитување за лек за срцеви заболувања. Компанијата од индексот ФТСЕ 100 објави дека „волрустомиг“, во комбинација со хемотерапија, веројатно нема да ја зголеми […]

Ќе се контролира потеклото на средствата во основната главнина на друштвата за игри на среќа


Министерството за финансии донесе нов Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа. Новиот Правилник произлегува од дoнесувањето на новиот Закон за игрите на среќа. Со овој подзаконски акт детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на сите правни и физички лица кои поднесуваат барање за […]

СДСМ контра Мицкоски: Не може инфлација од 2,3 отсто да биде успех ако цените се до „небо“


Христијан Мицкоски повторно прибегнува кон политичка математика. Јулската инфлација од 2,3 % ја претставува како голем успех, споредувајќи ја со 2022 година – годината на најголемата светска криза, кога инфлацијата на трошоците на живот беше 16 %, а индексот на цените на мало околу 14 %, се наведува во соопштението на СДСМ. „2022 година, година […]

Колку нафта всушност излегува од Персискиот Залив?


Нафтениот пазар дебатира: Дали Ормускиот теснец е „поотворен“ отколку што мислевме? Општо е прифатено дека клучниот воден пат е всушност затворен за сообраќај на танкери за нафта. Иран отвори оган врз десетици танкери кои се обидуваат да поминат низ теснецот. Услугите за поморско следење, кои користат комбинација од транспондерски податоци и сателитски снимки, објавија значителен […]

Бугарија вратила 11,6 тони пиперки од Македонија поради пестицид


Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената граница. Пратката пристигнала преку граничниот премин Златарево и била наменета за трговец во Петрич. Пиперките биле задржани и ставени под забрана за продажба додека се чекале резултатите од анализите.Откако било потврдено дека нивото на пестицидот […]

Мрачни прогнози на светскиот пазар на жито, се заканува ли недостиг?


Дали светот ќе се соочи со недостиг на пченица и дали ќе има зголемување на цените на житото на светскиот пазар? Имено, Украина и Русија, како што најавуваат локалните аналитичари, најверојатно ќе произведуваат и извезуваат помалку жито оваа година отколку во претходните години, што би можело да предизвика недостиг од повеќе од една четвртина од […]

Мицкоски најави изградба на шест автопатски делници


Премиерот Христијан Мицкоски најави засилена градежна активност, најавувајќи изградба на шест автопатски делници низ државата во претстојниот период. Рече дека во Македонија денес на повеќе од 1.200 места се гради и оти за Владата тоа е многу значајано затоа што се ангажира домашната оператива, што е сериозен индикатор за подобра економска актовност, а воедно се […]

„Фероинвест“ продолжува со поставување батериски системи – клучен чекор во енергетската транзиција


„Фероинвест“ продолжува со поставување батериски системи на фотонапонски електрани, помагајќи им на електраните да го издржат прекумерното производство на електрична енергија преку ден, и да ги заштити нив од ниски цени и од исклучување, додека електро-енергетскиот систем да го заштити од преоптовареност. Тоа се постигнува така што батерискиот систем овозможува произведената електрична енергија да се […]

Кој најмногу патува во странство: во Шведска и Холандија повеќе од 99 отсто, во Индија само три отсто


Разликите во искуството на меѓународното патување низ светот се огромни – додека во Шведска и Холандија речиси секој возрасен патувал во странство барем еднаш, во Индија тоа го направиле само три проценти од испитаниците. Според податоците од Истражувачкиот центар Пју, визуелизирани од Visual Capitalist, повеќе од 99 отсто од возрасните анкетирани во Шведска и Холандија […]

Земјоделците бараат од државата 5 денари по килограм откупена пченица од Интервентниот фонд


БИТОЛА – Пелагониските земјоделци, производители на жито се незадоволни од откупната цена на пченицата која се движи од 10 до 9,5 денари за килограм и бараат од државата доплата од 5 денари по килограм, средства од Интервентниот фонд. Здруженијата на земјоделци се со став дека оваа година жетвата поминала со катастрофално ниски цени кои не […]

Три нови инвестиции оваа есен, најавува премиерот Христијан Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави три нови инвестиции за кои договорите се очекува да бидат потпишани оваа есен. Преговорите се во завршна фаза и се очекува да поминат на некоја од следните владини седници.  – Во Брисел имав три средби со инвеститори кои во Македонија се во завршна фаза на постигнување на договор. Едниот е […]

Андоновски: Винарниците и другите правни лица можат електронски да добијат Уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино


Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информира дека се проширува опсегот на електронски услуги за компаниите со само еден клик. Андоновски преку објава на социјалните мрежи соопшти дека винарниците и другите правни лица можат електронски да добијат Уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино од Државниот инспекторат за земјоделство. – Наместо посета […]

Димитриеска-Кочоска: Поддршката на домашните компании преку унгарскиот заем е инвестиција во економскиот раст


Средствата по поволни услови кои беа обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка, не ги гледаме како трошок за буџетот, туку како инвестиција, затоа што поддршката за домашните компании е инвестиција во економскиот раст, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на својот ФБ профил. „Пред повеќе од две години, ја препознавме потребата за развој на […]

Компаниите од DAX индексот објавија рекордна добивка, но поделија 41.000 откази


Четириесет од германските компании кои го сочинуваат берзанскиот DAX индекс објавија рекордна оперативна добивка во вториот квартал, а воедно намалија повеќе од 40.000 работни места, според студијата на консултантската фирма EY објавена во петокот. Комбинираната заработка пред камати и даноци (EBIT) се зголеми за речиси 16% на 52,6 милијарди евра (60,7 милијарди долари), околу 7 […]

Словенечкиот БДП скокна за пет проценти во вториот квартал


Во вториот квартал од оваа година, бруто домашниот производ (БДП) на Словенија беше за пет проценти повисок во реални услови отколку во истиот период минатата година. Така, растот дополнително се забрза во споредба со првиот квартал, кога достигна 3,2 проценти според ревидираните податоци. „Ова е највисок економски раст од првиот квартал од 2022 година“, рече […]

ЕУ од суфицит отиде во дефицит: Трговскиот биланс се влоши за 89 милијарди евра


Европската унија ја заврши првата половина од 2026 година со дефицит во трговијата со остатокот од светот од 14,9 милијарди евра, откако имаше суфицит од 74,1 милијарди во истиот период минатата година. Ова значи дека трговскиот биланс на ЕУ се влоши за годината за дури 89 милијарди евра, според најновите податоци на Еуростат. Извозот на […]

Николоски ја сврте плочата – во јануари ги поддржа протестите на транспортерите, сега вели не се најдобро решение


Вицепремиерот Александар Николски денеска изјави дека протестите на транспортерите, кои евентуално ќе ги организираат доколку во септември не се најде решение за нивниот престој во Шенген зоната, „не се најдобро решение“. Ова е дијаметрално спротивно од ставот во јануари годинава кога целосно застана зад блокадите на граничните премини, организирани од превозниците. Тој смета дека најавата […]

Македонската асоцијација за управување со цврст отпад – MaSWA од септември со нов циклус обуки за управување и постапување со отпад


Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MaSWA) од септември започнува нов циклус акредитирани професионални обуки наменети за стручно, теоретско и практично оспособување во областа на одржливото управување и постапување со отпад. Обуките обезбедуваат сеопфатна подготовка за полагање на стручниот испит за управување и постапување со отпад, согласно законските барања и предвидената програма. Програмата е […]

Македонското небо добива највисоко ниво во контрола на безбедност, поставен нов АТМ систем во М-НАВ


Поставувањето на новиот АТМ систем во М-НАВ е од исклучително значење  за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при посетата на М-НАВ и контролната кула Скопје.  Значењето е уште поголемо ако се земат бројките дека има преку 12 […]