Превозниците се организираат – идниот понеделник два часа ќе протестираат пред седиштето на ЕУ


Македонските превозници идниот понеделник, наз 31 овој месец два часа ќе ја блокираат крстосницата пред седиштето на Делегацијата на Европската унија во Скопје како знак на револт поради сѐ уште нерешиот статус и ограничувањата при нивниот престој во земјите на Шенген зоната. Ваков протест ќе има и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, соопштија […]

Во Кина снимени како ја потопуваат зелката во раствор пред да ја натоварат. Наредена е истрага


Кинеските власти покренаа истрага по извештаите дека формалдехидот се користи за зачувување на свежината на зелката наменета за човечка исхрана. Официјални лица во североисточната кинеска провинција Хебеи ја потврдија автентичноста на снимката на која се гледа како луѓето ја потопуваат зелката во раствор пред да ја натоварат во камиони за транспорт. Видеото за прв пат […]

Канада ќе возврати „долар за долар“ на американската царина од 50 проценти за канадските производи


  Канадскиот премиер Марк Карни вети дека ќе возврати „долар за долар“ на американските царини од 50% што ќе стапат на сила во среда, откако двете страни не успеаја да постигнат трговски договор до полноќ синоќа, кога истече рокот поставен од американскиот претседател Доналд Трамп. Карни објасни дека САД се откажале од некои од своите […]

Норвешка се откажува од улогата на зелена батерија на Европа. „Беше лоша идеја“


Норвешка ќе продолжи да експлоатира нафта и гас во Баренцовото Море, без оглед на фактот дека Европската Унија поддржува мораториум за арктички извори на енергија. Министерот за енергетика Терје Асланд, исто така, во едно интервју изјави дека Норвешка повеќе не се смета себеси за зелена батерија на Европа, објави Ројтерс. По руската инвазија на Украина […]

Доларот ослабе на светските пазари поради загриженоста околу американските обврзници


Американскиот долар минатата недела забележа пад во однос на главните светски валути, додека инвеститорите внимателно ги следеа случувањата на пазарот на американски државни обврзници. Индексот на доларот се намали за 0,8 проценти, на 98,84 поени. Американската валута ослабе и во однос на еврото, за 0,9 проценти, при што еден долар се разменуваше за 1,1680 евра. […]

Димитриеска Кочоска: Продолжува имплементацијата на Законот за игри на среќа


Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска информира дека продолжува имплементирањето на новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри, кој беше донесен на крајот на јуни оваа година, со донесувањето на Правилникот за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа. Станува збор за акт со кој детално се […]

Војната во Иран ги притиска рафинериите, цените на горивата би можеле да останат високи со години


Војната во Иран го доведе глобалниот рафинериски сектор до работ на капацитите, поради што цените на дизелот и бензинот би можеле да останат на високо ниво со години, предупредуваат светските агенции. Иако пазарот на сурова нафта успеа релативно добро да се приспособи на губењето на значителен дел од испораките од Блискиот Исток, можностите за надоместување […]

Филипче на средба со лозарите: СДСМ ќе поднесе закон – пет денари повеќе за секој килограм грозје


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче при денешната посета на тиквешкиот регион најави дека ќе се поднесе закон – пет денари повеќе за секој килограм грозје. – Денеска сме во посета на тиквешкиот регион, имаме средби со земјоделците, со лозарите, кои сега се наоѓаат среде процес на берба на грозјето и грозјето го спремаат да го […]

Левица: Мицкоски континуирано нѐ прогласува за економски гигант, а две минимални плати не стигаат ни за една синдикална кошничка


Мицкоски ја прогласи Македонија под ДПМНЕ за прва или втора во регионот по економски раст, без да каже ниту кој е тој ‘регион’, ниту според која споредлива статистичка серија го добил пласманот. Последните официјални податоци за првиот квартал од 2026 година се дека во Западен балкан сме четврти од шест земји, односно, пред нас се […]

СДСМ: Просечната нето плата се намали за 1.163 денари


СДСМ објави дека просечната месечна нето плата за јуни е намалена за 1.163 денари во однос на мај..  Во јуни годинава просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 48 381 денар и е повисока за 6,4 проценти во однос на јуни лани, објави вчера Државниот завод за статистика.  „Просечната плата се намали за 1.163 денари, но да зборуваме […]

Бројки за по дома – колку вреди македонската плата?


Вистинска борба со бројки и економски показатели се води деновиве на политичката сцена, но и во медиумите блиски до едната или другата политичка опција, за да се покаже во чие време се живеело подобро и кој има(л) поголеми успеси на планот на економијата. Се „пука“ со сите средства – се користат податоци и соопштенија на […]

Како современите слушни апарати ја олеснуваат секојдневната комуникација?


Слухот е еден од нашите најважни сетила и канал преку кој се поврзуваме со светот околу нас, ги споделуваме емоциите со најблиските и активно учествуваме во сите аспекти на општествениот и професионалниот живот. Сепак, постепените промени или потешкотиите со слухот често настануваат незабележително. Пред слухот целосно да ослабне, обично се јавуваат неколку суптилни сигнали. Најчесто […]

Лозарите се незадоволни од годинешниот откуп на грозјето


БИТОЛА = Во моментот се откупуваат раните сорти грозје. Шардоне се откупува по цена од 29,5 денари, ризлингот по 29,5 денари, а темјаниката по 35,5 денари за килограм. Се очекува бербата на овие сорти да заврши до овој понеделник. Меѓутоа, најголемиот проблем оваа година не е само откупната цена, од која лозарите не се задоволни. […]

„Лукоил“ доби ново продолжување од ОFAC за продажба на имотот во странство


Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД ја продолжи лиценцата со која му се дозволува на рускиот нафтен гигант Лукоил да продолжи со преговорите за продажба на својот меѓународен имот до 19 септември. Претходната лиценца требаше да истече на 22 август. Меѓународните средства на Лукоил вклучуваат рафинерии во Бугарија, […]

Платите во пад и номинално и реално, во јуни помала за 1.163 денари во однос на мај


Во јуни годинава просечната нето-плата во Македонија изнесувала 48.381 денар, што е за 1.163 денари помалку од исплатената нето-плата во мај која изнесувала 49.544 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика објавени денеска. Тоа е номинално помалку за 2,3 отсто, а реално за 1,9 отсто. На годишно ниво сликата е малку порозова, бидејќи, според […]

ССМ одбележа 80 години од формирањето


Со свечена седница, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска одбележа 80 години од своето формирање, истакнувајќи го јубилејот како значаен момент во историјата на македонското синдикално движење. Како најсилен, најброен и најрепрезентативен синдикат во државата, бше посочено, ССМ осум децении наназад ги застапува правата и интересите на работниците, учествувајќи во креирањето на работничките политики […]

Колку повеќе сме поврзани, толку сме посигурни: Варнс во посета на изградбата на Трафостаницата – Охрид


Енергетската поврзаност е клучна за поголема сигурност на снабдувањето и за интеграција на регионот. Тоа го истакнаа вршителката на должноста амбасадор на САД во Северна Македонија, Никол Варнс, и  директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи, при денешната посета на Трафостаницата (ТС) Охрид. Варнс, во присуство на дел од менаџментот на МЕПСО, се запозна со динамиката на […]

Еврозоната бележи најсилен раст во изминатите девет месеци, Германија е предводник на закрепнувањето


Активноста на приватниот сектор во еврозоната се искачи на деветмесечен максимум во август, покажа прелиминарната проценка на SiP Global. Композитниот индекс на менаџери за набавки се искачи на 52,1 од 52 во јули, дополнително оддалечувајќи се од прагот од 50 поени што го раздвојува растот од падот. Главен двигател на растот беше индустријата. PMI во […]

Обновливите извори сè уште не се доволни – јагленот и натаму останува главен енергент за производство на струја во светот


Јагленот останува најголемиот поединечен извор на електрична енергија во светот и оваа година, со очекувано производство од 10.974 терават-часа(TWh) или речиси една третина од вкупното глобално производство – покажуваат новите прогнози на Меѓународната агенција за енергија (IEA). Гасот ќе биде втор по големина извор на електрична енергија со 6.976 TWh, по што следуваат хидроенергијата со […]

Бесент: Операцијата за откуп на државниот долг може да биде поголема од 4 милијарди долари


Министерот за финансии, Скот Бесент, во четвртокот за Си-Ен-Би-Си (CNBC) изјави дека забрзаниот откуп на државни обврзници може да биде поголем од најавените 4 милијарди долари. Во интервју во живо, Бесент рече дека неговиот оддел ќе „создаде пазар“ за долгорочни хартии од вредност каде што приносите неодамна нагло се зголемија. Министерството за финансии во среда […]