Украина ќе добие 841 милион долари буџетска поддршка од Светската банка со канадски гаранции
Украина ќе добие речиси 841 милион долари буџетска поддршка од Светската банка со гаранции од канадската влада. Ова денеска го соопшти украинскиот премиер Серхиј Корецки.
„Во услови на буџетски дефицит и дисбаланс во јавните финансии, ова е исклучително важна и навремена поддршка“, напиша Корецки на „Телеграм“.
Средствата ќе бидат наменети за исплата на пензии.
Канада преговара за учество во заемот на ЕУ за Украина во вредност од 90 милијарди евра, во рамки на напорите да ги зајакне врските со Европа и да ја намали зависноста од САД.