Како рикна „Најк“


  Прашање на денови е кога после 18 години, „Најк“ ќе испадне од престижниот американски берзански индекс S&P 100. Пред помалку од пет години компанијата вредеше 264 милијарди долари, денес пет пати помалку. Вредноста на нејзините акции има паднато за околу 80%. Компанијата што некогаш создаваше култура, сега почна да дели купони за попуст.   […]

Кумановските занаетчии му испорачаа предлози на Мицкоски за унапредување на дејноста


Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, оствари средба со претставниците на Занаетчиската комора и со претставници од фризерско-берберската и козметичката секција. На средбата се разговарало за предизвиците со кои се соочуваат занаетчиите, нивните предлози и идеи, како и за можностите за подобрување на условите за работа и развој на занаетчиството. – Дијалогот со луѓето од реалниот […]

Заминувањето на „Парамаунт Скајденс“ од Калифорнија би загрозило 58.000 работни места


Заминувањето на компанијата Парамаунт Скајденс од Калифорнија би можело трајно да доведе до губење на приближно 58.000 работни места во таа американска сојузна држава и да ја намали годишната економска активност за меѓу 10,6 и 21,2 милијарди долари, покажува извештај на Корпорацијата за економски развој на Лос Анџелес. Според копија од извештајот што ја објавија […]

Анализа на „Лансет“: Цехот за поевтините американски лекови би можела да го плати Европа


Планот на американската администрација со кој Доналд Трамп сака драстично да ги намали цените на лековите на домашниот пазар би можел да доведе до поскапување во Европа, но и да го одложи доаѓањето на нови терапии на европскиот пазар, предупредува нова аналитичка студија на меѓународна група истражувачи, објавена во списанието „Лансет“. Предупредувањето на истражувачите од […]

Владата ќе го намали ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти


  За да се спречи големиот пораст на цената на горивата владата денеска на седница ќе го намали ДДВ-то од 18 на 10 проценти. Тоа го соопшти премиерот Христијан Мицкоски на анстан во Велес.. „Мерки веќе имаме — намалени акцизи и за дизелот и за безоловното гориво. Во текот на денот денеска ќе имаме повторно […]

Златото се враќа во Европа. Европските централни банки сé помалку им веруваат на САД


Холандија и француските централни банки го повлекоа своето злато од американските државни обврзници. Причините: загриженост за сигурноста на САД, но и потребата златото да биде поблиску до матичните земји во случај на криза, пишува Дојче Веле. Форт Нокс, утврден комплекс во американската држава Кентаки, каде што се чуваат околу половина од резервите на злато на […]

TESSA Energy ја модернизира поранешната Топлана Скопје Север: Нова инвестиција во домашното производство на електрична и топлинска енергија


Компанијата TESSA Energy, членка на групацијата TESSA Group, денеска и официјално ги пушти во употреба новите когенеративни капацитети во Скопје, со инсталирана електрична моќност од 2,1 MW и топлинска моќност од 2,6 MW. Инвестицијата во вредност од 2,5 милиони евра претставува прва фаза од поширок инвестициски циклус за модернизација на поранешната „Топлана Скопје Север“ и […]

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг „BB+“ за Македонија


Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го задржа кредитниот рејтинг на државата на ниво „BB+“ со стабилен изглед, велат од Министерството за финансии од каде дополнуваат оти оваа оценка доаѓа како резултат на препознаените позитивни перспективи за економски раст, силната инвестициска активност и континуираниот реформски процес поврзан со пристапувањето кон Европската Унија.   Во најновиот извештај […]

Green Machines го зајакнува присуството на американскиот пазар- GM720ze и GM500Zze претставени на Саем во Хјустон


Green Machines, бренд на македонската компанија БРАКО, продолжува да го зајакнува своето присуство на американскиот пазар. Компанијата учествуваше на саемот PWX 2026 во Хјустон, САД, каде заедно со својот дилер за Тексас, IDS Equipment, ги претстави електричните метларки GM720ze и GM500ze. Присуството во Хјустон беше можност Green Machines да ги претстави своите целосно електрични решенија […]

Долгот кон државата зголемен на 221,8 милиони евра – УЈП ја објави листата на должници


Даночен долг кон државата од над 13,64 милијарди денари, односно 221,8 милиони евра имаат 5.240 обврзници. Од нив, на најновата листа на должници (бр.09/2026 ) што ја објавува Управата за јавни приходи, 2.008 се правни, а 3.232 физички лица. За еден месец е зголемен и бројот на должниците и ненамирениот заостанат долг. Според УЈП, на листата […]

Превозниците нема да протестираат в понеделник, ќе се бара решение со ЕУ


По остварена средба со претставници на дел од државите членки на шенген зоната, а преку Мисијата на Европска Унија со седиште во Белград, претставниците на превозниците од четирите држави на Западен Балкан (Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) се договорија да не го реализираат најавениот  протест на 14.09.2026 година со затворање на граничните […]

СДСМ пак поднесува закон за минимална плата од 600 евра


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција соопшти дека пратеничката група на СДСМ и колацијата поднесува закон за минимална плата од 600 евра, со кој е предвидено субвенционирање на придонесите за приватните компании. „Во нашиот закон кој што го предлагаме, сега веќе по трет пат, потенцирам затоа што два пати власта го одби, […]

Формирана Комисија за македонскиот рубин, ќе се воспоставува систем за сертификација и следливост


Формирана е Комисија за македонскиот рубин која ќе работи на воспоставување систем за сертификација, следливост и заштита на неговото потекло, како следен чекор по институционалното признавање и заштита на овој македонски геолошки уникат, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС). На денешната работна средба во МЕРМС, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини […]

Со емотивно видео „Алкалоид“ слави 90 години! Времињата се менуваат, но некои нешта остануваат


Колку спомени од детството носиме со себе и денес? Мириси, мали ритуали, гестови на грижа и моменти кои можеби тогаш ни изгледале сосема обични, а денес ни значат многу повеќе. По повод прославата на 90-годишнината „Алкалоид“ АД објави промотивно видео кое се фокусира на семејните моменти, блискоста и меѓусебната поддршка кои се пренесуваат од колено […]

ЕУ ќе ѝ даде 26 специјализирани возила на Царинската управа за да се справува со криминалот


Во понеделник амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, ќе предаде 26 специјализирани возила и форензичка и ИТ опрема на Царинската управа во вредност од 4 милиони евра. Возилата финансирани од ЕУ (21 за мобилната единица и пет за единицата К-9) и форензичката опрема ќе ги зајакнат капацитетите на царината за борба против организираниот криминал што […]

Мицкоски тврди: Нема да има енергетски шокови оваа зима


Ќе имаме стабилна зима, со стабилно снабдување на енергенси, без осцилации во цената или количината, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија. Мицкоски повтори дека Владата работи на тоа, од јануари цената на струјата да биде пониска или да продолжи евтината тарифа. […]

Дајмонд Мол со две европски награди за најдобар проект од областа на општествената одговорност


Дајмонд Мол освои две европски награди на Unicorn Awards 2026, едно од водечките европски натпреварувања во индустријата за настани и маркетинг, кое на 7 и 8 септември се одржа во Љубљана, Словенија. Проектот на Дајмонд Мол „Две години сјај – на хуманоста и нема крај“ ја освои првата награда од жирито за најдобар проект во […]

Амандманска расправа за законот за пријавување и проверка на странски директни инвестиции на Комисијата за надворешна политика


На собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија денеска е амандманска расправа за Предлог на закон за пријавување и проверка на странски директни инвестиции.  За законот се поднесени од 15 амандмани од кои неколку од пратениците Димитар Ковачевски, Соња Мираковска и Моника Зајкова од пратеничката група предводена од СДСМ и неколку од Сали Мурати […]

Емиратите најавија 40 милијарди евра нови инвестиции во Германија


Обединетите Арапски Емирати планираат да инвестираат уште 40 милијарди евра во Германија, објавија двете страни за време на државната посета на претседателот Мохамед бин Зајед ал-Нахјан на Берлин. Овој износ е повеќе од двојно поголем од претходните инвестиции на оваав земја од Персискиот Залив во германската економија, објави ДПА. Претседателот на Емиратите ја започна дводневната […]

Андоновски од Белград: Инвестициите во ИКТ-индустријата и технологијата го движат економскиот раст


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше на економскиот форум BELTALKS 2026, кој вчера и денес се одржува во Белград, Република Србија, во организација на GLOBSEC. Во рамки на форумот, министерот Андоновски беше говорник на панел-дискусијата „Градење економија заснована на вештачка интелигенција: податоци, инфраструктура и конкурентност“. „Разговараме за иднината на регионот од економски аспект, а […]