Со емотивно видео „Алкалоид“ слави 90 години! Времињата се менуваат, но некои нешта остануваат


Колку спомени од детството носиме со себе и денес? Мириси, мали ритуали, гестови на грижа и моменти кои можеби тогаш ни изгледале сосема обични, а денес ни значат многу повеќе.

По повод прославата на 90-годишнината „Алкалоид“ АД објави промотивно видео кое се фокусира на семејните моменти, блискоста и меѓусебната поддршка кои се пренесуваат од колено на колено.

Промотивното видео преку топла и носталгична семејна приказна зборува за спомените, грижата и довербата што се пренесуваат низ децениите.

– Времињата се менуваат. Растеме, создаваме свои семејства, градиме нови спомени. Но некои нешта остануваат – малите гестови на грижа, блискоста и довербата што ја пренесуваме понатаму. Токму од тие мали моменти се создаваат приказните што траат – велат од Алкалоид најавувајќи ја прославата на големиот јубилеј – 90 години.

Видеото ја нагласува врската помеѓу минатото и сегашноста, покажувајќи дека иако времињата се менуваат, суштинските вредности остануваат исти. Приказната се фокусира на семејните моменти, блискоста и меѓусебната поддршка кои се пренесуваат од колено на колено. Како бренд кој трае речиси еден век, „Алкалоид“ се позиционира како незаменлив дел од секојдневието и здравјето на многу генерации.

Видеото е создадено во соработка со More Magnets d.o.o., продукциската куќа на Филип Филковиќ-Филац од Хрватска. Со внимателно изградена визуелна приказна, минатото и сегашноста се спојуваат во еден момент кој потсетува дека највредните нешта често се оние што незабележливо ги пренесуваме од генерација на генерација.

90 години подоцна, АЛКАЛОИД не слави само бројка. Слави спомени, семејства и доверба што се градела низ годините.

А можеби токму затоа ова емотивно видео ќе ве натера да се сетите на некој ваш мал момент од детството, младоста, сегашноста.