Филипче повикува да се запре изградбата на дата центри


  Веќе еден месец предупредуваме што прави Владата на Мицкоски. Ненародната Влада не може да обезбеди чиста вода за граѓаните во над 50 населени места, увезува скапа струја, ама по секоја цена сака да ги жртвува и водата и струјата за профити, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во видеоизјава. „Во Пехчево на мала врата […]

Протест на земјоделците во Струмица. Таму беше и министерот Серафимовски


  Производителите на црвената пиперка „ајварка“ од Струмичко денеска со блокада и протест пред подрачната единица на Министерството за земјоделство во Струмица го искажаа своето незадоволство од непочитувањето на откупните цени, кои беа договорени на 12 овој месец меѓу земјоделците и откупувачите со посредство на ресорниот министер Борче Серафимовски. На протестот на земјоделците присуствуваше и […]

Средба на Божиновска со новиот Управен и Надзорен одбор на НОМАГАС: Стратешките гасни проекти и забрзувањето на гасификацијата остануваат приоритет


Нашата цел е гасификацијата да не остане само инфраструктурен проект, туку да создадеме услови природниот гас да стане реално достапен за што поголем број општини, институции и граѓани, рече денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска на работната средба со новиот Управен и Надзорен одбор на НОМАГАС АД Скопје. За ова, како […]

ЕУ првпат по три години во трговски дефицит


Европската Унија во второто тримесечје од 2026 година забележа трговски дефицит од 21,8 милијарди евра, што е прв минус по три години, покажаа податоците на Евростат објавени денеска. Според извештајот, Европската Унија од април до јуни од земјите надвор од Унијата увезла стока вредна 701,8 милијарди евра, додека извезла стока во вредност од 680 милијарди […]

Мал пазар, големи идеи: Како науката може да ја промени македонската иднина 


Може ли код напишан во Скопје еден ден да му помогне на лекар во Виена? Може ли анализа на почвата направена во Штип да стане решение што ќе го користат земјоделци низ Европа?  Одговорот е: да, а дел од тоа веќе се случува.  Во новата епизода на „Што го врти светот?“, гостува Виктор Митевски, соосновач и извршен директор […]

Владата ќе заштеди на порастот на пензиите поради падот на платите во јуни


  Падот на просечната исплатена плата во јуни веројатно ќе ѝ донесе на Владата заштеди за парите кои ќе треба да ги обезбеди за законското усогласување на пензиите во септември, но и за месеците потоа. Колкаво ќе биде нивелирањето, засега не се знае, бидејќи се прават последните пресметки, според изјавата на премиерот Христијан Мицкоски денеска, […]

Мицкоски: ВИ и дата центрите се новата нафта, што на Македонија може да ѝ овозможат развој


  Вештачката интелигенција и дата центрите се новата нафта во светот и Македонија не смее да го испушти тој историски момент, кој ќе ѝ овозможи долгорочен економски раст, порача премиерот Христијан Мицкоски. Тој, истовремено, упати остри критики кон одредени структури во општеството кои според него свесно го кочат развојот на земјата. Премиерот Мицкоски посочи дека […]

МФ: За првпат национален испит и сертификација на внатрешните ревизори во јавниот сектор


 За првпат во земјава, преку Министерството за финансии, ќе се спроведе национален испит за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор, соопштија од Министерството.   Ова претставува значаен исчекор во унапредувањето на системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор и е дел од континуираните активности на Министерството за финансии насочени кон поодговорно, […]

„За жал, кризата во Заливот ќе потрае“: Мицкоски го „чува“ намалувањето на ДДВ за бензините за понатаму?


Премиерот Христијан Мицкоски смета дека кризата во Заливот ќе потрае, а со тоа и состојбата на пазарот на нафтени деривати, чија цена изминатите неколку недели е повторно во пораст, а согласно одлуката на РКЕ од понеделникот дизелот чини 101,5 денари за литар, а бензинот 95 денари за литар, што е нивна највисока цена уште од […]

„Пародија“ во Струмица – МВР ќе ги казнува земјоделците што ќе протестираат со нерегистрирани трактори


  СТРУМИЦА – Струмичките земјоделеци за денеска во 11 часот најавија блокада на подрачната канцеларија на Министерерсвото за земјоделство незадоволни од откупната цена на пиперката „ајварка“, но од МВР добиле насоки дека ќе ги проверуваат и казнуваат нерегистрираните трактори и приколки. Оваа информација јавно ја сподели организаторот „Месно здружение на млади Муртино“ пишувајќи дека има […]

Почина вториот најбогат Германец


Клаус-Михаел Кине, мнозински акционер на швајцарската логистичка компанија „Кине + Нагел“, почина во понеделник вечерта на 89-годишна возраст во Шинделеги, Швајцарија. Кине е роден во Хамбург и се преселил во Швајцарија со својот татко во 1960-тите. Според овогодишната листа на „Форбс“, неговото богатство се проценува на 41,9 милијарди долари, што го прави 47-ми најбогат човек […]

Високите цени на горивата ја поттикнаа продажбата на електрични автомобили


Продажбата на електрични автомобили забрза во јули на повеќето европски пазари, поттикната од високите цени на горивото, владините субвенции и зголемената понуда на подостапни модели, покажаа податоците доставени до Ројтерс. Растот на интересот за електрични возила дополнително се забрза по почетокот на војната со Иран во февруари, што доведе до зголемување на цените на нафтените […]

Цените на нафтата паѓаат, фокусот е на новите американски санкции врз Иран


Цените на нафтата паднаа на 93 долари на меѓународните пазари по остварувањето профит што следеше по двонеделниот пораст на цените, додека трговците чекаа детали за новите американски санкции врз Иран што би можеле дополнително да го нарушат снабдувањето од Блискиот Исток. Барел во Лондон се тргуваше за 93,20 долари околу пладне, што е за 1,19 […]

Гринпис: Летово со горештини и суша ја чинеше германската економија 36 милијарди евра


Берлин – Екстремните горештини и повеќенеделната суша ја чинеа германската економија најмалку 36 милијарди евра, што е еквивалентно на 0,8 до 0,9 проценти од економскиот учинок на земјата, соопшти денеска еколошката организација „Гринпис“. Цифрата е пресметана со собирање на економските штети од пропаднатите земјоделски приноси, шумските пожари и здравствените трошоци, како и од загубите во […]

Вашингтон со нови пари за ископ на критични минерали – Македонија не одговара на светската побарувачка


Официјален Вашингтон додели нови 500 милиони долари за седум проекти со цел да се зголеми ископот и преработката на критичните минерали, производството на батерии и рециклирањето во Соединетите Американски Држави. Главни причини се постигнувањето независност од трети страни, како што е Кина, во синџирот на снабдување со руди кои се неопходни во одбраната, елетрификацијата и […]

Од концесиски надоместоци во вториот квартал годинава наплатени се речиси 300 милиони денари


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопшти дека од концесиски надоместоци за експлоатација на минерални суровини во вториот квартал од 2026 година се наплатени 299.461.897 денари, што претставува зголемување во однос на истиот период минатата година, кога биле наплатени 293.330.528 денари. Во споредба со вториот квартал од 2024 година, кога наплатата изнесувала 136.204.491 денари, […]

Во октомври се очекува да биде ставен во функција патот од Извор до Врбјани


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е задоволен од реализацијата на патот Охрид – Кичево и очекува, како што изјави денеска, да се исполни ветувањето – во првиот квартал од 2027 година овој патен правец да биде целосно ставен во функција.  Според Николоски, во септември се очекува да биде најавена изградбата на автопатот Кичево […]

Дизелот „отиде“ на 101,5 денари за литар


  Дизел горивото од утре ќе чини 101,5 денари за литар, што е за 3,50 денари повеќе од цената која што важи до полноќ вечерва, според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика објавена пред малку. Од полноќ, нови пови цени ќе имаат и бензините, кои поскапуваат за 1,50 денари за литар. Така, бензинот од […]

Николоски: Правиме се што може за да им помогнеме на превозниците


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изјави дека Владата прави се што може за да им помогне на транспортерите. Склучува, како што рече, билатерални договори со земјите кои се дел од Шенген зоната. -Имаме целосно разбирање за транспортерите и се обидуваме во рамки на нашите можности да помогнеме и да изнајдеме решение. Се […]

Земјоделците на нов протест за „ајварката“. Мицкоски повикан на „екскурзија до Струмица“


  БИТОЛА – Цената на пиперката „ајварка“ повторно падна на 25 денари за килограм, иако по протестите беше договорено таа да изнесува 30 денари. Оваа ситуација од терен ги револтира струмичките земјоделци, па организаторите на протестите „Месно здружение млади Муртино“ за утре најавија нов протест во 11 часот во Струмица пред зградата на МЗШВ. Тие […]